11:35 - 8 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) УКРАС ВО ДОМОТ КОЈ ИЗГЛЕДА НЕВЕРОЈАТНО СКАПО, А СЕ ПРАВИ БРЗО, ЛЕСНО И ЕФТИНО: Еве како да го направите!

Декорациите во домот никогаш не се доволни, но ако сакаме да купиме убав, импресивен детаљ, обично треба да издвоиме малку повеќе пари.

Сепак, со малку креативност и само може да направите феноменални украси за вашиот дом кои изгледаат исклучително скапи и елегантно, а всушност не чинат скоро ништо – направете ги сами!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Овојпат предлагаме да направите нешто практично, но и декоративно, како на пример едно луксузно огледало.

За да направите луксузно огледало во форма на сонце, ќе ви се потребни: парче посилен картон, тркалезно огледало (можеби старо што испаднало од рамката), подолги стапчиња за раженчиња, лепак, спреј и имитација на бисерен ѓердан.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Постапка: Исечете го картонот во форма и големина на огледало, а потоа залепете ги стапчињата за ражени од едната страна. Исечете ги стапчињаната со различна големина како би наликувале на сончевите зраци.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Кога стапчињата убаво ќе се залепат на картонот, испрскајте ги со златен спреј и оставете ги да се исушат добро. Потоа залепете го огледалото на картонот и бисерниот ѓердан околу огледалото. Ако е предолг, скратете го и користете ги преостанатите бисери за уште еден ред околу огледалото.

Сега останува само да го закачите своето уникатно огледало на местото каде најубаво ќе прилега во домот и да уживате во комплиментите што сигурно ќе ги добиете од сите што ќе влезат во вашата куќа!

Погледнете ја деталната постапка во видеото, но и уште неколку предлози за едноставна, но убава декорација на домот:

 

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....