03:56 - 10 јануари, 2026

Вака изгледа правнуката на ТИТО: Еве со што се занимава и зошто се откажала од презимето БРОЗ

Семејството на некогаш најмоќниот човек и доживотен претседател, Јосип Броз Тито, главно живее повлечено. Токму поради тоа, интересот на јавноста го привлече неговата правнука Сара Зидаревиќ (27).
По примерот на нејзините родители, Сара се насочила кон уметноста, па решила да се запише на сликарство на Академијата за ликовни уметности во Загреб, а досега имала две самостојни изложби.
Мајка на младата Сара е Александра Саша Броз, внука на Јосип Броз Тито. Оваа театарска и телевизиска режисерка, која се разведе од актерот Ранко Зидаревиќ, таткото на Сара, тврди дека додека диши ќе се труди да го промовира делото на својот дедо Тито.

-Со дедо ми најголем дел од времето поминувавме на Бриони, му беше важно внуката да му биде добра ученичка. Поради одличниот успех во училиштето тој ми го подари папагалот Кроки – рече таа.

Како што изјави Сара за медиумите, покрај разводот на нејзините родители по шест години брак, нејзиното растење го одбележале и бројните патувања низ Европа и светот, бидејќи нејзиниот дедо Мишо Броз служел како дипломат во Египет, Индонезија, Сингапур, Русија и Филипини.

Се откажа од своето презиме

Младата уметница неодамна го променила презимето Броз, а нејзината мајка вели дека тоа го направила затоа што не сакала да го носи тој товар.

„Пред две години рече дека сака да се ослободи од товарот на моето и презимето на Ранко, па реши да го земе презимето на баба и, Хас. Чувствувавме дека тоа ѝ дојде природно и дека има смисла “, изјави Саша Броз за „Вечерњи лист“ и додаде дека таа и нејзиниот сопруг ја поддржале одлуката на нивната ќерка бидејќи, како што и самата истакна, знаат што значи да се носи товарот на познатото презиме Броз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josip Broz Tito (@new_yugoslavia)

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....