13:41 - 2 април, 2026

Цимер во последен момент ќе компонира за „Џејмс Бонд“

Германскиот композитор и оскаровец Ханс Цимер, најпознат по музиката за „Гладијатор“, „Пиратите од Карибите“, „Кралот лав“, ќе ја компонира музиката за новиот филм за Џејмс Бонд, „Нема време за умирање“.

Според „Вараети“, продуцентите одлучиле во последен момент, на три месеци пред премиерата, да го променат композиторот.

Цимер има еден Оскар, за „Кралот лав“ од 1994 година и уште девет номинации за Оскар. Тој е еден од најбараните и најценети филмски композитори, а доаѓа на местото на Ден Ромер, кој си заминува поради креативни разлики со продуцентите. Ромер претходно има соработувано на проекти со режисерот на 25. филм за Бонд, Кери Фукунага.

Меѓу филмовите на кои има работено Цимер се и „Кодот на Да Винчи“, „Зачеток“, „Интерстелар“, „Темниот витез“, „Данкирк“.

„Нема време за умирање“ е во постпродукција во Лондон, а премиерата е најавена за на 2 април во Велика Британија. Сѐ уште не е објавена насловната тема за новиот Бонд, кого за петти и последен пат ќе го игра Даниел Крег.

Цимер изминатиов период работеше на „Вондер Вуман 1984“ и продолжението на „Топ ган“.

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....