1.8 C
Скопје
01:02 - 11 март, 2026

СУПЕРЅВЕЗДА: Кучето Вуди се „пензионира“ по шест години дарување крв

Британската банка за крв за миленичиња објави дека секое донирање од 450 милилитри крв може да им помогне на четири кучиња, а Вуди го прогласи за „суперѕвезда“.

Кучето што донирало крв на повеќе од 88 други кучиња се пензионираше по шест години, објави во саботата „Би -Би -Си“.

Вуди од англиската област Лестершир првпат дарувал крв кога имал три години, и оттогаш донирал уште 22 пати.

Сопственикот Венди Греј вели дека е „неверојатно да се знае дека им помогнал на многу семејства во тешки ситуации“.

Британската банка за крв објасни дека крвта на овој вид кучиња е особено барана бидејќи е негативна крвна група, што значи дека може да се даде на сите кучиња во итни случаи, а само 30 проценти од нив имаат ваков тип крв.

Вуди повеќе не може да дарува крв бидејќи има над осум години

Сопственикот Греј вели дека Вуди секогаш бил среќен кога донирал затоа што ќе добие големо внимание и награди.

Квичеше од среќа кога ќе стигнеше таму и брзаше кон лицето што ќе го пречека“, рече таа, додавајќи дека по дарувањето крв, се чувствувал добро и дека е подготвен за прошетки од четири до осум часа.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....