12:22 - 30 јануари, 2026

СУЕВЕРИЕ: Јапонскиот „камен убиец“ пукна на два дела и предизвика паника на социјалните мрежи

Многу суеверни Јапонци ги вознемири информацијата дека познатата вулканска карпа, за која се верува дека го убива секој што ќе дојде во контакт со неа, е пронајдена поделена на два дела. „Гардијан“ пренесува дека според митологијата поврзана со Сешо-секи, или „каменот убиец“, се верува дека тој го содржи телото на Тамамо-но-Мае.

Се верува дека Тамамо-но-Меј била преубава жена која феудалниот војсководец сакал да ја искористи за да го убие императорот Тобу, кој владеел од 1107 до 1123 година. Легендата вели дека нејзиниот вистински идентитет била злобната деветопашеста лисица, чиј дух завршил во парче лава. Тоа парче лава се наоѓа во областа Точиги во близина на Токио, позната по топлите извори со сулфур.

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека каменот, односно парче лава, се скршил на два речиси еднакви дела. Тие суеверни луѓе сега предупредуваат дека според народните преданија каменот испушта отровен гас, поради што го добил името „камен убиец“.

– „Се чувствувам како да гледам нешто што не треба да го гледам“, „Дали ова значи дека мрачните сили се ослободени?“ пишуваат суеверни корисници на социјалните мрежи.

Пукнатината ја предизвикал дождот

Ако го оставиме суеверието на страна, и науката има свој поглед на работите. Локалните медиуми наведуваат дека на карпата пред неколку години се појавиле пукнатини, кои веројатно овозможиле дождовницата да навлезе внатре и да ја ослаби структурата на карпата. Затоа каменот на крајот пукнал.

Масахару Сугавара, водач на локална волонтерска група водичи, за локалните медиуми изјави дека е „штета што каменот да се преполовил затоа што бил симбол на таа област“, но се согласил дека природата едноставно тргнала по својот пат. Локалните и државните претставници ќе се сретнат за да разговараат за судбината на каменот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by はるぼー (@harbow3)

Слични објави

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.
Се вчитува....