6.8 C
Скопје
05:53 - 31 март, 2026

Славчо Попоски со ВИКЕНД прогноза, ќе ви треба ли чадор?

– За време на овој викенд времето во Македонија ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град. Температурите остануваат МНОГУ ВИСОКИ и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во најтоплите предели и тоа особено во недела истите се очекува да се искачат и до близу 40 степени. На повеќе места нестабилно и со пороен дожд и грмежи ќе биде во почетокот од следната недела, кога локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични пранзења и со појава на град. Температурите во текот на следната недела ќе бележат тенденција на постепено опаѓање. И во Скопскиот регион за време на овој викенд времето ќе биде стабилно, суво и сончево, иако во попладневните часови во делови од котлината не се исклучува можноста за краткотраен пороен дожд и грмежи. Поголеми услови за нестабилност ќе има во почетокот од следната недела. Температурите ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ , и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени, а постепено опаѓање температурите ќе бележат од почетокот на следната недела. УВ – ИНДЕКСОТ И понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10 – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....