04:35 - 12 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Многу високи температури, проверете кога

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладнево и тоа особено во северните предели ќе има повеќе облачност и ќе има услови за слаб локален дожд. Особено долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината претпладнево ќе има повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб и локален дожд, додека во текот на денот времето ќе биде сонечво со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Според Попоски утре времето ќе се задржи претежно сончево, додека од недела па натаму ќе има повторно зголемување на облачноста и ќе има појава на повремен локален дожд. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Заладување на времето ќе има од вторник, кога ќе има врнежи од дожд речиси насекаде и истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Сево ова ќе биде проселдено и со засилен ветер од северен правец.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....