6.8 C
Скопје
08:53 - 1 април, 2026

Славчо Попоски најавува облачност и влажен воздушен бран

– Денес и утре продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена облачност. Денес повеќе облачност ќе има во западните предели, додека утре насекаде постепено облачноста ќе се зголемува.

Почнувајќи од утрешната ноќ, па во деновите потоа ќе навлеземе во период кога ќе бидеме под влијание на влажен воздушен бран од запад. Ќе има повремени врнежи од дожд кој локално и повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите наутро ќе бидат нешто повисоки за разлика од оние кои ги имавме досега, и тоа поради облачноста која ќе биде присутна кај нас. Максималните пак денес и утре ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 26 степени, додека од вторник па натаму ќе бележат тенденција на мал пад и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Во Скопје исто така денес и утре времето ќе се задржи стабилно и суво, додека од вторник па натаму ќе растат условите за повремени врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат до околу 25 степени, додека во вторник истите ќе бележат тенденција на не многу голем пад и ќе се искачуваат до околу 20 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....