-3.2 C
Скопје
05:24 - 23 декември, 2024

Зошто временските прогнози се честопати погрешни?

Екстремните временски катастрофи кои се случуваат ширум светот на дневна основа многу влијаат на животот на луѓето во погодените подрачја. Меѓутоа, како настануваат временските прогнози?
И уште поважно, зошто се грешат?

Временската прогноза на големо им помага на луѓето да се подготват за временската катастрофа и да ја спречат или да ја намалат штетата. Податоците што се однесуваат на временските прилики и состојбата во атмосферата се прибираат и се чуваат во моќните суперкомпјутери. Се мерат температурите на воздухот, притисокот, влажноста, како и брзината на ветерот. Овие податоци се собираат на глобално ниво, па врз основа на нив се одредува временската прогноза.

Отежнувачка околност е брзината со која суперкомпјутерите успеваат да ги обработат податоците за состојбата во атмосферата.

Метеоролозите, притоа, спроведуваат дополнителни мерења за да предвидат какви било промени и врз основа на нив да ја потполнат прогнозата.

Зошто прогнозите се почесто погрешни и покрај деталните податоци?

Нашата атмосфера е толку осетлива што и најмалите промени во светските океани можат да влијаат на тоа какво време ќе биде на копното. Атмосферата е широк и сложен систем, па затоа е невозможно прецизно да се надгледува во целина. Пропустите во метеоролошките испитувања се неизбежни. На пример, седмодневната прогноза веројатно ќе се промени.

Сепак, добри вести се што со развојот на технолошките достигнувања и системот за надгледување на временските прилики би бил попрецизен. Така британскиот Met office наведува дека четиридневната прогноза денес е точна, исто како пред 30 години дневната прогноза.

Ниту долгорочните прогнози не се за потценување и добар показател се дали влажноста, на пример, ќе биде над или под просекот.

Исто така, постојат компјутерски програми кои ни овозможуваат да ја предвидиме климата и неколку децении однапред, пишува BBC.

Какво невреме е тешко да се предвиди?

Прецизно прогнозирање за одредена локација претставува потешкотија. Врнежите посебно се незгодни и непредвидливи. Честопати мислиме дека временската прогноза е погрешна бидејќи сме очекувале дожд, а не заврнало.

Всушност, веројатно заврнал дожд, но само неколку километри подалеку од нас. Исто така, различните светски метеоролошки организации користат свои компјутерски програми, поради што е можно да се добијат неколку прогнози кои не се исти за едно подрачје.

Сè поголем е бројот на апликации задолжени за надгледување на временските прилики, кои неретко користат различен пристап за прогнозирање. Ако постои 30% можност дека ќе падне дожд, една апликација ќе го означи времето со чадор, додека друга тоа ќе го направи со облаци, бидејќи и понатаму постои можност 70% да биде суво.

Секако, со развојот на сè попрецизната технологија и самата временска прогноза ќе биде поточна, побрзо достапна и ќе се однесува на поконкретни одредени подрачја.

 

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....