4.8 C
Скопје
23:26 - 12 март, 2026

Зошто тропаме трипати во дрво? Еве како настанал обичајот со кој го бркаме малерот!

Кај многу народи распространето е верувањето за истерување на уроци и повикување на среќа, така што се тропа на дрвена површина.

Обичајот кажува дека се тропа трипати, никако само еднаш, затоа што тоа би било непристојно.

Првото тропање е за привлекување на внимание, второто значи барање помош, додека под третото се подразбира благодарност.

Иако не е утврдено од каде точно потекнува ова празноверие, според некои теории се верува дека е поврзано со паганските предци. Поточно, тие верувале дека во дрвото живеат духови, и самото тропање по дрвото е добар начин за привлекување на внимание и барање помош.

Со тек на времето и новите религии се „прилагодиле“ на овој обичај. За христијаните, тропањето во дрво е начин за да се привлече вниманието на Бога.

Постои и верување дека тропањето во дрво е поврзано со страдањето на Евреите во Шпанија во 1940 година. Поточно, кога инквизицијата под водство на озлогласениот Томас се насочила кон Евреите, тие се криеле во синагогите кои биле направени од дрво. Тогаш уплашениот бегалец имал само еден начин да се скрие од непријателот, а тоа било влез во синагогата. Така во јудизмот овој обичај ги чувал луѓето од инквизицијата. Со тропањето трипати на дрвото, вратата од синагогата се отворала, препознавајќи ги истомислениците, затоа овај обичај е поврзан и со преживувањето.

Слични објави

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо
Се вчитува....