3.8 C
Скопје
21:01 - 20 декември, 2024

Животната приказна на принцезата со најтажното лице во светот

Паметна, образована, убава, со блескава спортска кариера позади себе, сопруга на принц и мајка на прекрасни близнаци, се тоа е Шарлин Витсток, принцезата од Монако. Но, колку и да изгледа совршен нејзиниот живот на многумина, онака како што се очекува за припадниците на кралските семејства, во јавноста се стекнува поинаква слика.

Во ретките интервјуа кои ги дава, како и протоколните појавувања, Шарлин настојува да остави впечаток на исполнета жена, но, еден дел од јавноста е и понатака скептичен и се сомнева дека тоа е сепак само слика за јавноста и медиумите. Оние кои се занимаваат со животот на припадниците со сина крв, го анализираат секој детаљ, па така и оној дека принцезата од Монако на фотографиите ретко се смее. Многумина шпекулираат за тоа дека нејзиниот поглед секогаш е замислен, па не е чудно што во некои медиуми ја опишуваат како принцезата со најтажното лице на светот.

Но, може ли изразот на лицето да е поради нејзиниот сопруг, принцот Алберт Втори од Монако, со живот во палата, или едноставно Шарлин избрала баш како и Меланија Трамп, јавно да остава впечаток на воздржана и ретко насмеана жена, додека во 4-те ѕида, далеку од медиумите, таа води сосема нормален живот. Одговорот сигурно уште долго ќе остане тајна. За јавноста, принцот е нејзина инспирација, идеален сопруг и татко каков што нејзините деца можат само да посакаат.

Растењето во Африка

„Едноставно се восхитувам на неговата конзистентност, што тој ја покажува во своите верувања, сè што прави секојдневно, неговиот начин на преземање на одговорност и неговиот вистински интерес за луѓето.
Мојот сопруг исто така е голем пријател, верен, љубезен, грижлив и чувствителен. Алберт е чесен човек, вистински човек. Човек кој не збори, туку делува, уважувајќи ги вредностите кои ги брани“, вака принцезата го опишала својот сопруг во интервју за француското списание „Point de Vue“.

Шарлиз, која израснала во градот Булауајо, во југозападно Зимбабве, и Алберт се запознале пред скоро 20 години, во времето кога таа била успешна пливачка, која учествувала на сите важни натпревари бранејќи ги боите на Јужна Африка. Спортот е виновник за нивната прва средба. Алберт бил водач на олимпискиот боб тим на пливачкото натпреварување во Монако 2000-та година. Тогаш ја немал титулата на принц.

Освен што таа година го освоила златниот медал, не поминала неприметно ниту кај идниот принц. Додворувањата не изостанале, но Шарлин на слатките зборови тогаш не паднала. Откако не успеал да ја заведе, принцот се повлекол и продолжил да го живее животот по старо. Но, судбината сакала тие повторно да се сретнат. Шест години подоцна, папараците ги фатиле на отварањето на Олимписките игри во Торино, на кои разменувале нежности. Освен што сосема било јасно дека се во врска, набрзо се дознало и дека Шарлин се преселила во Кнежеството, но и дека со Алберт планираат венчавка.

View this post on Instagram

?? 2019 ??

A post shared by HSH Princess Charlene (@hshprincesscharlene) on

„Се преселив во Монако, бидејќи принцот ми беше дечко. На секој од нас еден ден му се случува вистинска љубов, секој од нас прави избор, бидејќи сака да дели живот со личност која зазема посебно место во неговото срце. Алберт е 20 години постар од мене, интелегентен, културен, со неверојатно светско искуство. И израснал во оваа извонредна земја, која е кнежество. Јас сум дете од Зимбабве, израснав во базен, во Африка. Кога пристигнав, не знаев ништо од Монако. Долго време Алберт беше мојот единствен пријател овде, единствен на кого можев да му верувам. Мој пријател, чиј секојдневен живот е постојана борба, никогаш не можеа да сфатат низ што поминувам. Немав никој освен него“, рекла принцезата која спортската кариера ја градела со макотрпни тренинзи и на која пливањето во тој момент ѝ било се.

Така две години пред венчавката, неуморните тренинзи и желбата за победа ја довеле до Олимписките игри во Пекинг. Всушност, тоа требало да биде нејзино последно натпреварување, после кое планирала да се посвети на венчавката. Но, работите потполно се свртеле против неа. Поради повредата на рамената, морала да се откаже не само од олимписките игри, туку и од спортот. Нејзините пливачки сонови наеднаш биле срушени. Но, бајката за кралскиот живот не била прекината, како ни припремите за големата венчавка. Сепак, се било далеку од совршено.

Период на молчење

Додека траеле припремите за церемонијата на која Алберт и Шарлин требале да го изговорат судбоносното „ДА“, следеле шокантни вести. Никол Кост, некогашната љубовница на Алберт, ја известила јавноста дека тој има 2 вонбрачни деца со неа и уште една жена, ќерката Јазмин Грејс, родена во 1992 година и синот Александар Коста, роден во 2003 година. Во овој скандал Шарлин била најмногу повредена и како нејзините сонови само продолжиле да се рушат, решила да го остави принцот. Сепак, планот не се одвивал как ошто го замислила. Наводно, се обидувала 3 пати да побегне од Монако, но членовите на кралското семејство ја спречиле, ѝ го одземале пасошот и не ѝ дале да си оди. Ваквите приказни портпаролите на Алберт веднаш се одлучиле да ги демантираат, така што следел период на молк. Од кралското семејство никој не се огласил, но новинарите и понатака со огромно нетрпение чекале да видат дали воопшто ќе дојде до венчавката. Всушност, сите чекале прекинување на врската и враќање на Шарлиз во родната земја. Меѓутоа, на 23 јуни 2010 година стигнале нови вести – закажана е венчавката на принцот Алберт Втори и Шарлин Витсток!

Profimedia

Гламурозната церемонија била одржана во Монако, а наместо за раскошот и венчаницата, сите збореле за солзите на Шарлин. Додека одела према олтарот, држејќи го под рака својот иден сопруг, била се освен среќна невеста. На идната принцеза солзите ѝ се слевале низ образите, погледот ѝ бил тажен и разочаран, а насмевката oдвај се гледала. Било тоа доволен мотив сите, а најмногу медиумите желни за сензација, да заклучат дека невестата е несреќна бидејќи се мажи за владетелот на Монако, на кого стои етикетата на голем заводник. Наводно, ниту својот меден месец не го поминале заедно, туку седеле во хотели одалечени 16 километри. Принцезата не полемизирала многу, после венчавката само кажала дека ја совладале чувствата.

„Се ми се испомеша во главата, чувствата поради венчавката и гласините. Не можев да се воздржам и солзите сами си започнаа. Потоа почнав да плачам уште повеќе, бидејќи размислував за тоа како целиот свет ме виде дека плачам“, рекла Шарлин и додала дека и покрај бројните негативни наслови за нејзините солзи, таа својата венчавка ја помни како убава.

„Беа тоа прекрасни 3 дена. Месеци подоцна знаеа да ми се вратат сеќавањата на некои моменти и се прашував дали навистина „Eagles“ свиреа на мојата венчавка. Некогаш се запрашувам како успеавме сето тоа да го изведеме. Многу работи се случуваа. Беше прекрасно и сентиментално. Нашите најинтимни моменти во животот ги виде целиот свет.

Наводно, венчавката за принцот и неа било огромно изненадување.

„Алберт е мојата љубов, пријател, тој мене ми е се. Но, во тоа време воопшто не размислував за венчавка. Се гледав себе си како барам работа, работам, водам нормален живот. Во исто време не гледав како нашите животи воопшто можеа да се организираат. Алберт инсистираше да бидам со него што е можно почесто. Ми се допаѓаше што бев со него, но не секогаш ми беше лесно. Сепак, на крајот од денот бев сигурна дека нема да се раздвоиме“.

Поинакви услови

Животот во кнежеството барал од Шарлин големи промени и компромиси. Израснала во потполно поинакви услови. Нејзините родители се Европјани кои животот го граделе на потполно друг крај од светот, во Африка. Мајка ѝ била тренер по пливање, па било разбирливо и таа да тргне според нејзините постапки, дури и ја научила да плива уште пред да прооди. Никогаш не размислувала за палата, кралски приеми и титули. Поради тоа, првите месеци во врската со Алберт не била најдобро прифатена.

„На почетокот бев девојка која ја ставаа во ќошот од собата, односно во позадина. Слушав: „Не е неопходно премногу да се приближи“ или „Кој е тоа, не ни збори француски“, „Не е облечена како што треба“. Мојот единствен водич, кој ме советуваше, кој направи се за да ми помогне, беше повторно мојот иден сопруг. Алберт сакаше да го пратам на неговите службени должности, додека мене се ме загрижуваше. Се прашував како да го направам тоа, како ќе ме прифатат луѓето. Но, навистина се чувствував дека тој е загрижен да не ме повреди во некој случај и да не ме брза“, се присетила не заборавајќи го фактот колку ѝ било предизвикувачки да се навикне на титулата.

„Станувајќи жена на Алберт, станав принцеза и долго време ми требаше да сфатам што значи тоа. Моето име беше Mademoiselle. Тогаш започнаа и гласините. Било изјавено дека сум сакала да побегнам, но каде? Мислам дека беше невозможно било кој од надвор да разбере колку тие недела дена беа тешки за мене и принцот.“

После 3 години од бракот на светот донесе близнаци, престолонаследникот принцот Џакуез и принцезата Габриела. Во тој момент монархијата воздивнала, бидејќи конечно го добила својот законски престолонаследник. Всушност, иако принцот за двете вонбрачни деца го признал татковството, имајќи во предвид дека се родени надвор од брачна заедница, тие не можеле да учествуваат во наследството на престолот на Монако.

За Шарлин мајчинството било најубавото нешто што може да се случи. Таа признава дека на децата се посветила максимално.

Моите близнаци се нераздвојни. Постојано разговараат еден со друх и како и сите деца понекогаш се расправаат, но безусловно се подржуваат. Родителството често знае да биде исцрпувачко, но во многу области е многу поттикнувачко. Како нивна мајка, откривам и учам. Чудно ми е што го гледам нивното растење и ги пратам на тој пат“, рекла принцезата заPoint de Vue“.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....