13:19 - 6 април, 2026

Здравствени ризици кај милениците во пресрет на новогодишните празници

Ќе Ве потсетиме на најчестите можни грешки и потенцијални ризици кои се очекуваат за време на празничните денови, а кои претставуваат опасност за здравјето на нашите влакнести пријатели.

Со овој текст само ќе Ве потсетиме на најчестите можни грешки и потенцијални ризици кои се очекуваат за време на празничните денови, а кои претставуваат опасност за здравјето на нашите влакнести пријатели.

1. Новогодишни декорации: Сè е шарено, преубаво, во различни бои и дезени, и нормално многу примамливо за нашето куче или маче кое сите оние балони, конфети и слично може да ги замени за играчка или храна и ете го почетокот на проблемите. Тука се и неодложните новогодишни дрвца и декорации со иглички (вештачки или природни), кои како порачани ќе се најдат пред миленичето особено ако успее проектот „онесвестена елка“ или „види, ти носам нов украс“. За последиците од видот на разни трауми, самоповредување, проблеми со устата, забите, индигестии и посериозни последици да не зборуваме, се надеваме ја сфативте пораката.

2. Во овој контекст и добивањето на растителни поклони – саксиско и режано цвеќе – може да направи проблем затоа што иако не се сите видови таканаречени новогодишни цвеќиња отровни за нашите миленици, сепак, и самото нивно внесување од страна на животното може да предизвика јаки иритации во устата, на лицето на животното, хранопроводот и слично. Од изразено токсични растенија се издвојуваат зелените божиќни растенија и дрвца со црвени бобинки – имели. Доколку вашиот миленик изеде нешто од овој вид, веднаш одете на доктор.

3. Петарди, прскалки и слично. Запомнете, некои од нас се веселат со ваков вид забава, но не и нашите миленици. И додека пукањето на овие средства доведува до значителен стрес кај животните, од ветеринарна гледна точка не треба да ги занемариме и можната појава на разни видови повреди, трауми и изгореници. Не би сакале да ја дочекаме Новата година со маче или куче кое веќе не нè гледа или не нè слуша.

Пишува – Д-р сци. Глигор Мојсов, ДВМ, ветеринарна змбуланта МОГЛИВЕТ

 

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....