4.8 C
Скопје
14:20 - 21 декември, 2024

За сите кои работат од дома: Дали помалку се туширате или можеби сте голи?

Unsplash

Еден од десет вработени кои работат од дома поради коронавирусот, не носи облека при работното време!

Големото истражување на „Касперски“ открива дека луѓето кои работеле од дома за време на пандемијата вовеле одредени начини на однесување во нивната рутина, а она што е нај изненадувачки е што 11 проценти од испитаниците изјавиле дека сакаат да работат без облека.

Unsplash
Unsplash

Подолг сон во текот на работната недела (36%), маратонски гледање серии на „Нетфликс“ (23%) и работа на отворено во градината или на балконот (27%) – ова се само некои од придобивките што повеќе од 8.000 учесници ги наведоа како омилени погодности при работа од дома.

Се разбира, работата од дома има и негативни страни, како што е тешкотијата да се најде рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот.

Unsplash
Unsplash

Но, има и такви кои наоѓаат „грешни задоволства“ во својата куќа. Имено, дури 11% од луѓето од анкетата, односно секоја десетта личност, уживаат да се однесуваат како нудист дома – да работат без никаква облека.

Студијата покажа дека 48% од вработените се навикнати на новиот начин на живот за работа од дома и би сакал тоа да стане норма во иднина. Фактот што повеќе не мора да патуваат на работа ги израдува вработените, бидејќи тоа значи дека можат да се разбудат пет минути пред да започне работата, а многумина уживаат и во кратка дремка во текот на работното време(36%)

Unsplash
Unsplash

Другите придобивки што ги истакнуваат вработените вклучуваат повеќе време за играње игри (18%), нарачување храна до дома (16%) и помалку туширање (8%).

Во оваа студија учествуваа 8.076 вработени во мали и средни претпријатија од Бразил, Белгија, Кина, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Луксембург, Малезија, Мексико, Холандија, Русија, Шпанија, Јужна Африка, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД во октомври 2020 година.                       

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....