5.8 C
Скопје
16:22 - 22 декември, 2024

За нејзе времето застана: Клаудија Шифер, Германката која ја маѓепса планетата денеска полни 50 години (ФОТО+ВИДЕО)

Модерната Брижит Бардо

Прекрасна руса коса, долги нозе и големи сини очи – кога излезе на сцената, оваа прекрасна убавица од Германија го воодушеви целиот свет!

А сакала да биде адвокат како нејзиниот татко.

За среќа на милиони нејзини обожаватели, тоа не се случило, а во продолжение прочитајте ја нејзината животна приказна и погледнете некои од нејзините највпечатливи фотографии.

Клаудија Шифер е родена на 25 август 1970 година во германскиот град Рајнберг.

Клаудија Шифер

Убавата русокоса била многу популарна во средно училиште, но како што открива, се срамела од својата висина, па затоа била прилично срамежлива.

Бидејќи потекнува од богато семејство на адвокати, таа честопати била мета на љубоморни и злобни коментари, па затоа носи и добри и лоши искуства од училиште.

Како што вели, таа самата сакала да стане адвокатка сè додека не се случило нешто на крајот на средното училиште што го променило нејзиниот живот засекогаш.

На 17-годишна возраст, Клаудија излегла со своите пријателки во ноќен клуб во Дизелдорф, каде што случајно се нашол Мајкл Леватон, шеф на манекенската агенција Metropolitan Model Agency.

„На училиште, секогаш седев во последниот ред. Другите деца постојано ме задеваа затоа што мојот задник стрчеше повеќе отколку кај останатите девојки. Покрај тоа, бев многу тенка и повисока од другите. Мислев дека тоа е лошо. Потоа се запознав со скаутот кој ми рече дека можам да бидам модел. Тогаш сфатив дека моите „недостатоци“ се всушност предност во светот на моделингот“, призна Клаудија.

Кога ја здогледал на подиумот, сфатил дека таа може да стане нова надеж во манекенските води, ѝ пришол, ѝ ја понудил својата визит-карта и ѝ рекол да му се јави.
Набрзо Клаудија потпишала договор со компанијата на Мајкл, а потоа се запознала со Патрик Лафонтен, кој ѝ овозможил да се придружи на легендарната „Elite Model Agency“.

Агенцијата ја испратила во Париз каде, благодарение на изгледот на модерна Брижит Бардо, била топло пречекана. Се појавила на насловната страница на францускиот „Elle“, а потоа кариерата ѝ се вивнала кон врвот.

Почнала сè почесто да се појавува на насловните страници на славните списанија, и рамо до рамо на модните писти Кристи Тарлингтон, Наоми Кемпбел, Линда Еванџелиста, Синди Крафорд.

Синди Крафорд, Карла Бруни, Клаудија Шифер, Наоми Кемпбел, Хелена Кристенсен

Карл Лагерфелд едноставно ја обожаваше и честопати велеше дека таа е негова муза.
Во 1995 година, Клаудија и нејзините колешки Кристи Тарлингтон, Наоми Кемпбел и Ел Мекферсон го отворија „Fashion Café“ – гламурозен ресторан и кафуле, но девојките всушност беа само заштитни лица на овој проект, додека вистински сопственици беа Франческо и Томасо Бути.

Три години подоцна, двајцата беа уапсени за измама и перење пари, така што овој деловен потфат за девојките не заврши среќно.

Клаудија се појави во видеоспотови и филмови, објави четири видеа за вежбање и лансираше своја модна колекција, базирана на модели од кашмир.

Во жолтиот печат честопати се појавуваше во 1991 и 1992 година, кога имаше гласини за нејзината врска со принцот Алберт од Монако.

Profimedia

Манекенката и принцот ги запознал Карл Лагерфелд на забава, а во тоа време се шпекулираше дека Клаудија може да стане новата Грејс Кели. Сепак, во 1993 година, тие престанаа да се гледаат, а принцот Алберт прво велел дека ја сакал, но ја изгубил, а потоа дека излегле на само неколку состаноци.

Најпознатата љубовна афера на Клаудија Шифер беше врската со славниот илузионист Дејвид Коперфилд, во кого се вљубила во 1993 година на една гала вечера.

Клаудија со Дејвид Коперфилд/Profimedia

Беа верени шест години, а убавата манекенка дури се појавуваше и на неговите настапи како асистент, но во 1999 година парот објави дека се разделуваат.

View this post on Instagram

Birthday countdown…Love to my fashion family ❤

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer) on

Подоцна двајцата ги тужеа весниците кои тврдеа дека нивната врска е измама и дека Клаудија била платена да глуми девојка на илузионист, кој всушност е геј.

Výsledek obrázku pro claudia schiffer sexy

Во 2002 година Клаудија се омажи за режисерот Метју Вон, со кого има три деца: син и две ќерки.

Клаудија Шифер денес

Клаудија е една од ретките познати манекенки кои не беа поврзани со скандалите со дрога и алкохол. Напротив, за неа секогаш се зборуваше дека е точна, професионална и убава.

– Моите страсти се моето семејство и светот на модата – изјави таа неколкупати.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....