3.8 C
Скопје
18:41 - 18 декември, 2024

За мирна ноќ: Совети како да го олесните спиењето со затнат нос

Настинките, алергиите и слични состојби при кои може да дојде до затнување на носот, можат да бидат причина за често будење во текот на спиењето поради отежнатото дишење.

Бидејќи сонот е многу важен за брзо оздравување и намалување на ризиците од настинката, еве неколку совети како да се олесни оваа состојба.

Подигнете ја главата

Носот повеќе се затнува во текот на ноќта зашто тогаш доаѓа до сушење на синусите. Поради лежечката положба целата слуз останува во главата, што може да предизвика главоболка наутро. Обидете се да спиете со подигната глава, односно со повеќе перници. Поради ова на некои луѓе им е полесно да спијат на фотелја кога се настинати.

Користете освежувач за воздух

Сувиот нос може да предизвика болка, а освежувачот ја спречува зголемената сувост и ја намалува болката при дишењето кога носот е затнат. Во освежувачот може да се додадат и есенцијални масла.

Сите потребни предмети нека ви бидат во близина

За да не се расоните кога ќе треба да станете, ставете ги марамчињата, корпата за отпадоци, водата и сите потребни предмети блиску до креветот.

Јадете мед

Проблемот со затнат нос може да предизвика дишење на уста, при што доаѓа до сушење на грлото и тоа станува болно. Ова уште повеќе го отежнува спиењето. Медот го обложува грлото и го ублажува непријатното чувство, а исто така го спречува и кашлањето.

Направете си бања со пареа

Топлата вода произведува пареа која ги отвора синусите, а тоа ќе ја намали болката и ќе го олесни дишењето.

Користете физиолошки раствор

Спрејот за нос кој содржи солена вода може да ги исчисти и одзатне синусите. Испирање со солен раствор исто така помага за ублажување на иритации и отоци.

Носете носна маска

Лентите за нос се прицврстуваат на носниот мост и благо ги извлекуваат носниците. Иако многумина ги користат за да го спречат ‘рчењето, тие можат да го олеснат и дишењето при затнат нос.

Пијте лекови против настинка

Овие лекови содржат состојки кои можат да го олеснат дишењето, а воедно помагаат и кај другите симптоми како што се болки во мускулите и главоболки.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....