7.8 C
Скопје
23:25 - 1 април, 2026

ВИСТИНСКО ЧУДО: Родено бебе „големо“ колку пенкало, лекарите стравуваа дека нема да преживее (ФОТО)

Мајката на бебето се породила во октомври во 23. недела од бременоста и новороденчето било малечко колку пенкало. Докторите четири месеци деноноќно го следеле нејзиниот раст и напредок додека повеќе не било во животно загрозувачка состојба.

Фото: Министерство за здравство на Бурјатија, Сибир

Кога го напуштило перинаталниот центар во февруари, бебето било тешко 2.642 грама.

Министерството за здравство на Бурјатија во сибирската област го опиша неjзиното опоравување како „вистинско чудо“, пишува Сибериан тајмс.

Фото: Министерство за здравство на Бурјатија, Сибир

Бебето било толку малечко што одредени членови на персоналот се плашеле да го земат во раце.

Олег Миткинов, шеф на неонаталогија во болницата порача дека денот кога тоа излегло од перинаталниот оддел е неговиот втор роденден.

„Навистина сум многу среќен што немашеп сериозни компликации“, истакнал тој.

Фото: Министерство за здравство на Бурјатија, Сибир

Бебето уште неколку месеци ќе помине на Одделението за пулмологија пред да може да оди дома каде го чекаат родителите, браќата и сестрите.

Малото девојче, чие име не е откриено, ќе биде под строг надзор на лекарите најмалку до третата година, но засега се чини дека нема поголеми здравствени проблеми.

 

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....