2.8 C
Скопје
21:00 - 18 декември, 2024

Ужасно се плашите од коронавирусот? 7 совети кои ќе ви помогнат да се опуштите!

Ситуацијата во која се најдовме на почетокот на оваа година, кога повеќето од нас беа затворени во своите домови и кога беа присутни големи ограничувања во нашите животи, за среќа, помина.

Секој се прилагоди на оваа ситуација најдобро како што знаеше и со доаѓањето на летните месеци, голем број луѓе се надеваа дека сето тоа е зад нас. Но, како што сѐ уште не се знае доволно за вирусот (барем не колку за некои други вируси), преку медиумите и одговорните лица често добиваме контрадикторни информации и бидејќи владее една состојба на неизвесност, многумина стравуваат од вториот дел од годината кога респираторните инфекции сами по себе се почести. Како да се справиме со целата ова, за нас мошне нова и непозната ситуација?

Емоциите постојат со причина

Пред сѐ, треба да се напомене дека сите наши емоции постојат со причина. Иако можеби не се сите пријатни, секоја од нив е потребна за да ни даде повратна информација за тоа што се случува и соодветно на тоа да нѐ поттикне на реакција. На пример, ако некој кон нас е безобразен, ние ќе се налутиме. Лутината не е пријатна емоција, но ни дава информација дека некој не се однесувал добро кон нас, а во исто време е присутна и на оној другиот да му даде до знаење дека треба да го промени своето однесување, вели психологот Кристина Бачконија за порталот „Ординација.хр“.

Слично е и кога се работи за стравот. Иако не е пријатен, стравот служи, на некој начин, да нѐ одбрани од потенцијалните закани. Врзано за ситуацијата со коронавирусот, стравот од зараза нѐ поттикна да се чуваме, да носиме маски, да избегнуваме блиски контакти и сл. Лицето кое воопшто не се плаши (било за себе или за своите блиски на кои потенцијално би можело да им го пренесе вирусот), многу е веројатно дека нема така да се однесува. Значи, стравот има своја функција и таа е, пред сѐ, заштитна. Ако кај вас се јави страв кој предизвикува да се однесувате одговорно кон себе и кон другите, тогаш тој е нормален и на некој начин пожелен.

Фото: Профимедиа

Кога стравот станува лош?

Ако, пак, стравот од заразата ве парализира и влијае на вас да не можете да излезете од дома, исплашено ги гледате луѓето околу себе кои не ви се ниту близу и размислувате кој од нив е болен, ако имате кошмари дека нешто лошо ќе ви се случи вам и на вашите најблиски – тогаш стравот не е веќе страв, туку паника.

Кога стравот престанува да биде емоција која ве повикува на внимание и станува ограничувачки фактор во вашиот живот, тогаш значи дека е време да поработите на него и да го претворите во сојузник, а не во непријател. Поради паниката не можете да делувате на начин рационално да проценувате и да донесувате одлуки поврзани за вас и вашиот живот. Поради паниката можете да донесете одлуки кои негативно ќе се одразат на вас. Поради паниката можете целосно да се изолирате од другите луѓе. Поради паниката може да складирате залихи на храна и да се затворите дома. Поради паниката може постојано да ја мерите телесната температура и да го следите секое свое вдишување и издишување. Поради сето наведено, самите себе сте се ограничиле и сте донеле одлуки кои не се добри за вашето ментално здравје. А, во исто време, веројатно и понатаму нема да се чувствувате безбедно. Затоа е важно да разликувате паника од страв и донесувањето на одлуките од паника и од страв.

Како да си помогнете

Пред сѐ, клучно е да препознаете од што доаѓаат вашите одлуки и понатамошниот тек на мислите: во ред е врз основа на проверени информации да размислувате за идните чекори и да ги разгледувате своите опции. На пример, ако бројот на заразени со вирусот е многу голем, можеби ќе се чувствувате побезбедно на работа да одите со автомобил, наместо да се возите во јавен превоз. Можеби ќе водите повеќе сметка за хигиената на рацете и ќе внимавате што и како допирате. Сите овие одлуки може да доаѓаат од стравот да не се заразите, но се насочени кон акција која нема да ве ограничи, ниту парализира, туку ќе ве штити. Во оваа ситуација е важно да се биде флексибилен и да се прилагодува однесувањето зависно од епидемиолошката ситуација. Некому можеби и тоа нема да му биде лесно, но верувам дека секој има ресурси за адаптибилно однесување.

Фото: Профимедиа

Блиц совети

– Не читајте и не гледајте сензационалистички написи и емисии. Наслови од типот „Најлош ден во САД“, „Дете починало од коронавирус, бидејќи никој не сакал да го погледне“ и слично, само поттикнуваат паника и не може да ви донесат ништо друго, освен лоши и деструктивни мисли.

– Читајте информации од официјални, овластени извори и објави од реномирани и признати научници.

– Следете ја ситуацијата во вашата земја или град, бидете флексибилни и прилагодете се на новонастанатата ситуација преку придржување до препорачаните мерки.

– Одржувајте лична хигиена, поодговорно и посвесно од вообичаено.

– Учете ги на хигиена и вашите деца.

– Избегнувајте блиски физички контакти, особено со,лица кои спаѓаат во загроезени категории (постари лица, хронични пациенти, онколошки болни…).

– Ако чувствувате дека целата ситуација ве надвладува и дека сте во паника, побарајте стручна помош (можете да ја добиете и преку телефон или онлајн).

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....