17:30 - 5 декември, 2025

Триковите на Мерилин Монро за изгледот на нејзината „свилена“ кожа!

Актерката Мерилин Монро е една од најпрепознатливите русокоси на сите времиња, имала тајни поради кои секогаш изгледала безпрекорно и трикови со кои постигнувала нејзината кожа секогаш да биде мазна и сјајна, на што многу други жени и завидувале.

Иако многу од нив биле убедени дека користи скапи креми и препарати, нејзината тајна се криела во најобичниот вазелин. Тоа го открила 86-годишната актерка Рене Тејлор во интервју по повод прославата 50 години Театарски и филмски институт Ли Стразберг.

„Дојде еден ден на предавање во друштвото Ли Стразберг и едноставно морав да ја прашам што направила за да изгледа толку добро. Тогаш ми рече дека цело тело го мачка со вазелин после што 3 часа поминува во топла купка и така секое утро. Тоа на нејзината кожа ѝ даваше посебен сјај“, изјавила Рене.

Рене го послушала советот кој Мерилин и го дала и се обидела со истото, но не успеала и покрај тоа што многу посакувала да има кожа како неа.

Profimedia

„Се обидов и јас. За малку ќе се удавев“, изјавила Рене.

Приказната за една од бројните тајни за убавина на оваа дива, откриена е откако се случило да во еден од моментите кои засекогаш ќе се паметат во историјата, а тоа е моментот кога му пее среќен роденден на тогашниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, испод фустанот не носела буквално ништо.

Така барем пишува во книгата „Life Isn’t Everything: Mike Nichols“ која содржи сеќавања од 150 најблиски пријатели на покојниот филмски режисер. Авторка на една од приказните е колумнистката на Њујорк Тајмс, Маурен Дoв, а која опишала до тогаш непознати детали.

Profimedia

„Мајк беше таму таа вечер, кога Мерилин ја пееше роденденската песна на Џон Кенеди во прочуениот фустан преполн со светликави каменчиња. Ми рече: Стоев веднаш позади Мерилин и беше потполно проѕирна. Видов дека под неа не носи ништо“, напишала Маурен.

Беше тоа само еден од моментите на оваа вечна секс-бомба која и 57 години после својата смрт има статус на вистинска икона.

Слични објави

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо

Прогласени се топ три најубави актерки на сите времиња: Ќе се изненадите од победничките на листата

еспресо
Се вчитува....