3.8 C
Скопје
13:03 - 23 декември, 2024

Тања Турунџиева советува како да си го зајакнете имунитетот преку храна

Исхраната е една од клучните нешта за одржување на оптималната состојба на нашиот имунолошки систем, а која било сериозна и хронична болест е директно поврзана со дисфункција на имунолошкиот систем.

За да се постигне оптимална функција на имунолошкиот систем, од суштинска важност се елементите што го прават здравиот начин на живот: здрава исхрана, физичка активност и доволен сон. Доколку не внимаваме на овие нешта, ќе се сретнеме со предизвиците што кај пациентите предизвикуваат хронични состојби, како што се: синдром на иритабилни црева, ревматоиден артритис, синдром на хроничен замор, кандидијаза, повторување на респираторните инфекции, синуситис, лупус, мултиплекс склероза и многу други.

Главни причини за неадекватната функција на имунолошкиот систем се: неадекватна исхрана, инфекција, токсини, траума, стрес и негативен став кон животот, што се одразува негативно на функцијата на имунолошкиот систем.

Како влијание исхраната на организмот?

– Редовната, правилна и здрава исхрана е еден од главните предуслови за јак имунитет, а најдобрите „борци” против болестите се корисните нутритиви-витамини, минерали, протеини, и други здрави продукти. Поради големото количество витамин Ц во променливото годишно време се препорачува консумирање агруми – лимон, портокал, грејпфрут, мандарини како и киви и јаболка. Се препорачуваат и печурките шитаке, кои содржат лептин што го стабилизира создавањето на Т-лимфоцитите, односно т.н. „клетки убијци“ што се клучни за одбрана од болести, како и лукот – еден од најјаките природни антибиотици. Повеќе студии докажале дека бета каротенот ја зголемува отпорноста на организмот од вируси и бактерии, а овој моќен антиоксиданс го има во големи количества во морковот, тиквата, спанаќот и кељот.

Витаминот А игра важна улога во јакнењето на имунитетот и дејствува како антиоксиданс, додека пак, витаминот Б2 покажува ефикасност при исправувањето со бактериските инфекции.

Витаминот Е ги штити крвните садови и кожата од слободните радикали, а најмногу го има во бадемите, лиснатиот зелен зеленчук, лешниците и сировите семки.

Витаминот Д го зајакнува одбранбениот систем на организмот, а бидејќи во телото се создава со помош на сончева светлина при променливо време, а особено во зима потешко се обезбедува, па во овие периоди се препорачуваат продукти богати со тој нутритив: риба (лосос, скуша) и морски плодови. Цинкот влијае на произведување антитела и врз активноста на лимфоцитите, па затоа луѓето кои имаат недостаток од овој минерал почесто настинуваат и заболуваат од инфекција на дишните органи. Меѓутоа, важно е да се знае дека прекумерната доза може да има контраефект. Незаситените масни киселини се исто така од клучно значење за нормално функционирање на имунитетот, бидејќи ја зголемуваат активноста на белите крвни зрнца што ги разградуваат бактериите. Со овие вредни материи изобилуваат маслиновото масло и маслото од лен, како и морската риба (лосос и туна). Медот, матичниот млеч и прополисот создаваат и регенерираат црвени крвни зрнца и го ослободуваат организмот од отрови.

Што ја уништува одбраната на организмот?

– Иако научниците сè уште се обидуваат да разберат како тој механизам всушност функционира, нема никакво сомневање дека за здрав живот е пресудно да се намали ризикот од зарази и болести. Зимно време и во периодот при премин од едно годишно време во друго, нашето тело троши многу повеќе енергија, па имунитетот е повеќе оптоварен од вообичаено, па затоа и послаб. На негова ранливост влијаат и хроничните болести, нередовниот и недоволен сон, нервозата, неправилната исхрана, нехигиената, премногу, односно премалку физичка активност, како и лошата навика за консумирање цигари и алкохол. На имунитетот негативно влијаат и надворешни фактори, како загаден воздух и вода, како и долготрајна употреба на антибиотици.

Кои се симптомите на ослабен имунитет?

– Ослабениот имунитет се манифестира преку хроничен замор, чести настинки, недостаток на енергија и несоница, како и херпес на усните, зачестена потреба за слатки, сув нос и темно жолта урина, што е последица на недостаток на течности во организмот. Особено важно е да се напомене дека имунолошкиот систем треба да се јакне во текот на целата година, а не само зимно време или кога ќе се појават некои од знаците за негово ослабнување.

Кои се моќни антиоксиданси за силен имунитет?

– Еден од најефикасните начини за зајакнување на имунолошкиот систем е правилната исхрана, што воедно треба да биде разновидна, со одредена динамика на внесување храна и пијалаци. Основата на таква исхрана ја чини храната од растително потекло – овошјето и зеленчукот. Се препорачуваат житарки и производи од цело зрно, како и биолошки, квалитетни извори на протеини (риба, печурки, морски плодови). Витамините и минералите се неопходни за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Во прашање се витамините А, Ц, Е, Б-комплекс, како и минералите цинк, селен, железо и хром.

Кои се суперпродукти за јакнење на имунитетот?

Брокула
Брокулата е полна со витамини, минерали и растворливи и нерастворливи растителни влакна. Богата е со витамин Ц и каротеноиди- антиоксиданси што го одржуваат имунолошкиот систем во добра состојба. Исто така содржи индоли и изотиоцијанити што ги штитат клетките од оштетување. Брокулата е извонреден извор на витамини Б и фолна киселина што се од големо значење за имунолошкиот систем.

Мешунки
Мешунките во себе содржат големо количество растителни влакна, а исто така изобилуваат со антиоксиданси, генистеин и флавон.

Лук
Лукот има потентни антибиотски својства и е вистински полнач на имунолошкиот систем, поради што е најистакнат помеѓу храната што го зајакнува имунитетот. Со неговиот антибиотски спектар поширок од пеницилинот, лукот инхибира многу вируси. Воедно е еден од најбогатите извори на селен, што пак е неопходен за произведување на моќниот антиоксидантен ензим, пероксидаза. Најефикасен е кога се консумира во природна состојба. Инаку, лукот и кромидот содржат компоненти што ги намалуваат воспалителните процеси. Флавоноидите во лукот заедно со витаминот Ц учестуваат во уништување на бактериите, па затоа и кромидот и лукот се препорачуваат особено за подигнување на имунолошкиот систем во секое време.

Кромид
Содржи провитамин А како и витамин Б1, Б2, Ц, Е, Х и К. Хромот го спречува разградувањето на инсулинот и го поттикнува неговото лачење. Изотиоцијанатот во него дејствува антисептички и ги ублажува тешкотиите при заболени дишни патишта.

Морков
Тој е најзначаен извор на бета каротин што се депонира во кожата и ја штити од воспаленија, како и штетното дејство на сонцето. Содржи обилни микро елементи, првенствено железо, калиум, калциум, фосфор и цинк. Благодарение на ликопенот, но и на витамините А, Б, Ц, Д и ПП има големо антиоксидационо дејство.

АНТИОКСИДАНС ИЗВОР НА ХРАНА

ВИТАМИН Ц – Овошје (најмногу во агруните), зеленчук, домат
ВИТАМИН Е – Сончогледово и маслиново масло, бадеми и лешници, морков, тиква, праска, грашок
БЕТА КАРОТИН – Броколи, спанаќ, портокал, зелка и зелена салата
ЛИКОПЕН – Домат и производи од домат, грозје, папаја, лубеница, кајсија
ФЛАВОНОИДИ – Компир, јаболка, варено вино, зелена салата, домат, лук
ЕНЗИМ Q10 – Месо и риба

 

Александра Велинова

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....