-0.2 C
Скопје
18:13 - 22 декември, 2024

Студиите докажаа: Работењето од дома носи помалку стрес, а поголема продуктивност

Многу големи компании како што се Гугл, Фејсбук, Твитер, Сименс, на своите вработени им одобриле работа од дома на неопределено време, доколку така повеќе им одговара.

Пред коронакризата беше незамисливо милиони работници, а особено за така кратко време, да се префрлат на работа од дома, но тоа сепак се случи бидејќи канцелариите повеќе не беа безбедни.

Сепак, една германска студија покажа дека работата од дома за време на пандемијата на коронавирусот, работниците ја доживуваат позитивно.

„Вработените кои за време на пандемијата преминале на работа од дома поретко се наоѓаат под стрес и се попродуктивни“, произлегува од студијата, којашто заедно со здравствената осигурителна куќа „DAK“ ја направил Институтот „Forsa“ и „Iges“.

Фото: Профимедиа

Пред избивање на пандемијата 21% од испитаниците рекле дека се наоѓаат под стрес, додека истото тоа сега, во текот на оваа светска здравствена криза, го рекле само 15% од луѓето.

Многу големи компании, од друга страна, сфатија дека на тој начин штедат големи пари и ги намалуваат трошоците за работа, а сета ситуација излегла добра и за психичкото здравје на повеќето работници.

Помеѓу оние кои во меѓувреме редовно работат од дома, 56% од нив изјавиле дека дома се чувствуваат попродуктивно, отколку на работното место.

Фото: Профимедиа

Во позитивните ефекти на работата од дома спаѓаат и подобро усогласување на работата и семејството (две третини од испитаниците), а ист процент како посебно позитивен ефект на работата од дома го навеле тоа што не мора да трошат време за патување до работното место.

„Работата од дома не само што ја намалува опасноста од зараза, туку помага и за создавање душевна рамнотежа“, рече, директорот на DAK, Андреас Сторм.

„Вработените кои периодот на корона-кризата го поминуваат работејќи од дома, чувствуваат помал стрес, а покажуваат поголема продуктивност“.

Фото: Профимедиа

Тој рекол дека овие позитивни сознанија би требало да се согледаат при пристапот кон работата од дома во иднина и дека притоа би требало да се настојува да се избегнат негативните аспекти на работата од дома.

Тоа пред се се однесува на проблемот на јасното одвојување на приватниот и работниот живот, што е посебно воочливо кај младите вработени, помеѓу 18 и 29 години. Три четвртини од испитаниците, имено, како негативност го истакнуваат фактот дека повеќе не се гледаат со колегите од работа.

Владејачката Социјалдемократска партија на Германија неодамна најавила иницијатива за законска регулатива која би овозможила право на работа од дома.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....