2.8 C
Скопје
11:41 - 19 декември, 2024

Шест знаци дека сте алергични на убод од комарец

Летото носи многу радости – подолги денови, сончево време, плажа, море… и комарци. Додека овие мали инсекти се само непријатност за повеќето, за другите луѓе кои имаат алергиски реакции, тие можат да бидат кошмар.

Експертите напоменуваат дека контактот со комарец мора да трае најмалку шест секунди за да се случи реакција. Најдобрата превенција од убодот е да се избегне во потполност таквиот контакт. Не знаете каква реакција ќе имате, па затоа е секогаш добра идеја да користите квалитетна заштита во природата, велат лекарите.

Носете облека со долги ракави и ногавици, јадете храна што ги одбива инсектите – како лукот. Користете квалитетни репеленти, употребата на парфеми сведете ја на минимум и држете се подалеку од местата што се рај на комарците, какви што се шумските или ибластите со сенки, како и места во близина на застоени води, особено во времето на самракот и зората.

 Повеќето „алергиски“ реакции на каснување од комарец не се всушност алергии

За повеќето луѓе, убодот од комарец значи чешање. Нормалната реакција на убодот од комарец вклучува црвени отоци што чешаат, се јавуваат во рок од неколку минути по убодот и може да траат и до 10 дена.

Посилните симптоми, како што се испакнатини на кожата и посилно отекување, укажуваат на поголема локална реакција позната како папуларна уртикарија. Кога луѓето велат дека се алергични на убод од комарец или од некој друг инсект, главно во прашање е посилна локална реакција, објаснуваат лекарите.

За да се постави дијагноза, лекарот ќе ги земе предвид вашите симптоми, но не постои официјален тест за откривање алергии од каснување од комарец. Што се однесува до лекувањето, тоа во потполност зависи од тоа колку тие симптоми влијаат врз вас. Ако немате видливи пречки, нема причина за лекување. Меѓутоа, ако убодот од комарец ви предизвикува проблем како што е отекување на очните капаци или ако симптомите се непријатни и сте склони кон мошне сериозни реакции, лекарот може да се одлучи за терапија со антихистаминици. Тоа може да помогне кај отоците и може да го намали ризикот од развој на реакции. Во случај на потешка системска реакција, лекарот ќе ви препише инјекција со епинефрин (адреналин), но тоа се прави во многу ретки случаи.

 Внимавајте на сериозните симптоми!

Ретка форма на алергија на каснување од комарец е системската реакција што се јавува низ целото тело. Овој вид на животозагрозувачка реакција е многу почеста кај инсектите како што се пчелите и осите, но ако почувствувате некој од следниве симптоми по убодот, мора веднаш да повикате брза помош:

  1. Осип

Наглото избивање на бледоцрвениот осип, кој е испакнат и чеша, а се појавува во пределот на убодот или по целото тело, може да укажува на алергиска реакција.

  1. Отечени усни, оток во усната празнина или во грлото

Секое ненадејно отекување во наведените регии може да биде знак на сериозна алергиска реакција.

  1. Гадење

Ако почувствувате ненадејно гадење, како дека ќе се разболите по убодот, тоа може да биде уште еден симптом на сериозна реакција.

  1. Вртоглавица

Чувството на конфузија во главата и нестабилност во нозете може да укаже на системска алергиска реакција.

  1. Зголемена температура

Зголемената телесна температура е знак дека вашето тело се бори против алергијата.

  1. Главоболка

Сериозната главоболка што се појавува одеднаш може да значи дека имате алергиска реакција.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....