05:49 - 19 ноември, 2026

Се продава „Викторија Сикрет“: Долната облека заврши во канта за отпадоци

После период полн со предизвици и откажувањето на годишната ревија за прв пат по 25 години, брендот „Викторија Сикрет“ се продава за 1,1 милијарда долари, известуваат странските медиуми.

Компанијата „Л Брандс“ е блиску до договор за продавање на „Викторија Сикрет“. Се очекува дека Лесли Х. Векснер ќе го отстапи своето место како извршен директор на „Л Брандс“, царството кое го изгради со купување на „Викторија Сикрет“ во 1982 година, така што фирмата „Сикамор Партнерс“ ќе купи 55% од „Викторија Сикрет“.

Во Колорадо наводно се пронајдени стотици парчиња на долна облека во канта за ѓубре, а сето тоа е во близина на затворена подружница од познатиот бренд.

Се уште не е познато дали е ова крајот и за нивните „ангели“ и годишните ревии, кои важеа за најважното модно случување во годината, или новите сопственици ќе се обидат да го оживеат овој бренд.

Слични објави

Таблета за машина за садови во бањата — дали трикот навистина ги отстранува белите траги од туш-кабината?

К.С.

Дали греењето треба да работи цел ден или да го вклучувате по потреба? Експертите објаснуваат како да заштедите

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....