-4.2 C
Скопје
07:42 - 22 декември, 2024

Предвидувањата на Баба Ванѓа за 2020 година: Снегот ќе стекне моќ над луѓето подигнувајќи ги морињата и океаните

Баба Ванѓа, Вангелија Пандева Димитрова, која е родена во Струмица во 1911 година, ослепела во несреќа кога имала 12 години и после тоа станала видовита.

Таа била позната по предвидувањата на светските катастрофи што се оствариле. Станала светски позната дури по смртта поради исполнувања на пророштвата за нападот на Светскиот трговски центар во 2001 година.

Челични птици ќе ја нападнат Америка. Два брата ќе умрат и ќе понесат со себе многу луѓе, секаде ќе има крв и страдање. Поради смртта на браќата цел свет ќе тагува“, рекла таа.

Што рекла за 2020 година?

Земјата во која е Сонцето ќе добие подарок

Веројатно мислела на руските острови кои ги бара Јапонија со оглед на тоа што се во тек преговори на двете држави за трансфер на Јужните Курилски Острови.

Бебе ќе го обедини половина свет во една молитва. Ќе стане прекрасен човек

Најверојатно зборувала за малото момче од Магнитогорск. Половина свет навистина се молел за него, а за другото, времето ќе покаже.

Снегот ќе стекне моќ над луѓето подигнувајќи ги морињата и океаните

Поплавите и климатските промени веќе ги гледаме на дело, а најсериозните последици допрва ни се закануваат.

Раѓање на нови држави

Ова е можеби едно од најинтригантните предвидувања за 2020 година.

Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија

Во нејзиниот дневник се наоѓаат информации за тоа што ќе се случи со другите земји, а како и обично нејзините изјави се исполнети со метафори.

Америка ќе ја изгуби главата. Старост ќе ја исполни земјата.

Можно е да зборува за претстојните претседателски избори во 2020 година.

Ластовицата ќе се врати во гнездото

Веројатно зборувала за Украина, бидејќи ластовицата е симбол на оваа земја.

Обичните луѓе ќе ја освојат Месечината
Веќе е познато дека во 2020 година се планира првото туристичко вселенско летало.

Добра вест е што Баба Ванѓа не спомнува нови војни и болести за 2020 година.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....