21:56 - 2 април, 2026

Пред точно 80 години светот ги запозна мачорот Том и неговата ноќна мора, глувчето Џери (ВИДЕО)

Пред 80 години светот ги запозна мачорот Том и неговата ноќна мора, глувчето Џери.

Уште од 1940 година Том се обидува да се справи со Џери, а како изгледаше нивниот прв „заеднички проект“, погледнете во епизодата „Puss gets the boot“.

Во цртаниот филм „Puss gets the boot“ што го погледнавте погоре ги видовте Џаспер и Џинкс, кои дури во 1941 година ги добиле имињата Том и Џери, кога ги прекрстил аниматорот Џон Кар.

Бидејќи јунаците не зборуваат, или го прават тоа многу ретко, музиката игра голема улога во овој цртан.

Ичи и Скречи од „Симпсонови“ се всушност пародија на Том и Џери.

Цртаниот филм од 1943 до 1953 година освои седум оскари за епизодите „The Yankee Doodle Mouse”, „Mouse trouble”, „Quiet Please”, „The cat concerto”, „The little orphan”, „The two mouseketeers” и „Johan Mouse”.

Цртаниот филм „Том и Џери“ постојано беше изложен на критики поврзани со насилството што може да се види во некоја епизода. Но во цртаниот никогаш не се прикажало крв.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....