08:57 - 4 април, 2026

Потрошила богатство и си ги зголемила усните дури 20 пати, не планира да запре!

Бугарката Андреа Емилова Иванова (22) пред две години почнала со  трансформирање на својот изглед, бидејќи сакала да има што поголема уста. Усните ги зголемила дури 20 пати и сè уште не планира да запре, пишува „Мирор“.

Андреа, која себеси се нарекува „Барбика во реалниот живот“, минатата недела повторно инјектирала хијалурон, со што се пофалила на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

#bg #barbie ????

A post shared by Andrea Ivanova (@andrea.andrea345) on

– Сакам да имам уште поголеми усни, иако лекарите мислат дека ова е сосема доволно. Сепак, мојот лекар ми рече дека ќе ми стави уште филери ако сакам, но мора да чекам барем два месеца. Ја сакам мојата нова уста – рекла Андреа, која е сега на „кратка пауза“. Ѝ било тешко да јаде два-три дена по последниот зафат.

View this post on Instagram

#bg #barbie #world #famous #girl

A post shared by Andrea Ivanova (@andrea.andrea345) on

Андреа не е сигурна дали нејзините усни се најголеми во светот, но е пресреќна со нив. Секој третман го платила најмалку 135 фунти.

– Ги посетив сите клиники во Софија – рекла таа.

Андреа вели дека добива многу комплименти за усните и погледи од различни генерации од целиот свет. Сепак, на многумина не им се допаѓа нејзиниот изглед. Таа изгледала сосема поинаку пред операциите.

„Треба да се откажеш од операциите и наместо тоа да си платиш психијатар“, ѝ порачуваат на Андреа.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....