3.8 C
Скопје
20:15 - 20 декември, 2024

Овие работи ниту една жена не сака да ги добие како подарок!

Сите понекогаш сме одглумиле воодушевување откако сме отпакувале некој подарок, пишува Космополитен. За да не се случи тоа и на личноста за која сте го намениле подарокот, еве неколку подароци што треба да ги избегнувате.

1. Плишани животни

Доколку подарокот го купувате за возрасна личност, плишаната играчка е едно големо НЕ.

2. Кујнски прибор со порака

Некои девојки сакаат да спремаат колачи или да испробуваат различни рецепти. Сепак, престилка со натпис или кутлача наместо „Те сакам“ велат „Сакам кога си во кујна“. Подобра идеја би било самите да спремите вечера.

Unsplash/Gervelemae

3. Пластично цвеќе

Подарок кој воопшто не треба ни да се коментира.

4. Пари

Ова едноставно не е подарок кој се подарува кога треба да искажете љубов и внимание.

5. Справи за вежбање

Жените најдобро го познаваат своето тело и обрнување внимание на него со подарок кој вели дека „таа треба малку да ослабне“, секако треба да го одбегнете!

Unsplash/Sven Mieke

6. Нешто корисно

Стругалка за лед што се употребува за шофершајбна, папучи или перница – никој не посакува такво нешто, па ниту вашата девојка.

7. Фустан

Жените обожаваат фустани, но попрво би ги одбрале сами.

8. Парфем

Изборот на парфем е навистина лична работа. Доколку не сте потполно сигурни кој парфем би го користела, не го планирајте овој подарок.

9. Крема против брчки

Што ѝ порачавте на вашата драга дама со ова?

Unsplash/Laura Chouette

10. Депилатор

И ова се смета во подароците со многу грда порака.

11. Духовити и останати видови на книги

Исто како и за парфемот – доколку не сте сигурни дека 100% ќе ја погодите, откажете се.

Иако за некои е помалку клише, цвеќето и понатаму е подарок број 1! Сепак, при изборот водете сметка за следното:

– Не купувајте еден цвет во проѕирен целофан.

– Не купувајте цвеќе со цветови еден под друг.

– Не купувајте минијатурна орхидеја во кутија.

– Не купувајте црвен каранфил – иако е симбол за 8 Март, ниту една жена не го сака навистина!

Букет со свежо цвеќе никогаш не е грешка, како ниту саксија со убаво повеќегодишно цвеќе. Покрај тоа додајте чоколадо кое вашата дама го обожава и имате совршен подарок!

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....