7.8 C
Скопје
17:54 - 28 март, 2026

И обложувалниците ќе заработат од Мегзит: Поголема е веројатноста дека Хари и Меган ќе се разведат отколку дека Серена ќе го освои Вимблдон

На влог од 100 фунти за распад на нивниот брак добивката е 400 фунти, а истиот износ што се става на тоа дека тие повторно ќе се вратат во кралското семејство би донел заработка од 1.500 фунти.

Според обложувалниците, четирипати е поголема веројатноста дека принцот Хари и Меган ќе се разведат во следните пет години, отколку повторно да се придружат кон кралското семејство како пар.

Обложувалниците даваат коефициент 3/1 дека Хари и Меган ќе се разведат до 2025 година, а дека тие повторно ќе се вратат во кралското семејство коефициентот е 14/1.

На влог од 100 фунти за распад на нивниот брак добивката е 400 фунти, а истиот износ што се става на тоа дека тие повторно ќе се вратат во кралското семејство би донел заработка од 1.500 фунти, пишува Дејли мејл.

Поголема е веројатноста дека војводата и војвотката од Сасекс ќе се разведат, отколку дека Серена Вилијамс ќе го освои Вимблдон. Коефициентот за Вилијамс е 6/1.

Обложувалниците нудат уште неколку опции за обложување на кралскиот пар:

Дека ќе постанат финансиски независни: 1/2
Дека ќе глумат во сопствено ријалити: 12/1
Дека Меган ќе се појави во специјална епизода од серијата „Suits“: 20/1
Дека семејството тајно ќе се врати во Обединетото Кралство: 6/4
Дека трајно ќе се преселат во Северна Америка: 8/1

Инаку, кралицата вчера објави соопштение во кое потврди дека на Хари и на Меган ќе им биде дозволено да започнат нов живот како младо семејство. Конечната одлука за тоа како ќе го поминуваат своето време и какви ќе им бидат финансиите ќе бие донесена во наредните денови, но ќе мора да постои и време на транзиција, се наведува во соопштението.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....