3.8 C
Скопје
06:23 - 21 декември, 2024

Ни пиша Светлана од Северна Италија: Драги мои Македонци…

Здраво Македонијо, јас сум Светлана Митровиќ и живеам и работам веќе 10 години во Северна Италија. Ќе пробам накратко да ви доловам низ што поминуваме, за да не ви се случи истото.

Драги мои Македонци, најпрво сево ова се чинеше како далечна работа, нешто што никогаш нема да дојде кај нас затоа што властите секогаш велеа дека веќе ги превземаат сите мерки и ги прават сите потребни проверки за да спречат вирусот COVID 19 да се прошири на нашата територија.

Потоа, по околу еден месец по првите вести од Кина, стигна веста за првата зараза во Италија. Од тој ден полека почна се да се менува, почнувајќи од основните навики како поздравување со рака, па сè до ограничувањата кои ги имаме денес.

Не смееме да излеземе од дома освен за основните потреби, до супермаркет да купиме за јадење или до аптека, не можеме да одиме во група на прошетка или да се сретнеме на отворено место, не смееме да се движиме ако немаме сертификат кој потврдува дека нашето движење е суштинскo и неопходно.

Сега наредија да се затворат сите продавници, барови, ресторани, козметичари, фризери, продавници за облека и др. Градот е напуштен, училиштата се затворени веќе еден месец и крајот не се гледа денес.

Заразата се зголемува за 2000 луѓе дневно, а бројот на починати исто така се зголемува за околу 190 на ден. За среќа има и добра вест со бројот на излечени, кои исто така се зголемува.Тоа не е едноставен грип, ви го одзема здивот, неможете да дишите и сте принудени да лежите во болница на интензивна нега за да ви помогнат да дишете. Нема лек, само е можно да ви помагаат вентилаторите и респираторите.

Сите овие затворања на училишта, продавници, канцеларии и ограничувања во сообраќајот се направени за да се избегне зголемување на инфекциите со цел да се избегнe пренатрупаност на интензивната нега на италијанската територија, затоа што ако ова се случи, Италија ќе биде принудена да избере на кој да помогне, а на кој не, како што и се случи. Ова не е грип од кој што старите умираат, напротив има и многу случаи на млади лица од 20-30 годишна возраст.

Затоа сите седиме дома и го користиме времето на најдобар начин, со убави книги, со лесни вежби кои можат да се практикуваат и дома, со нови рецепти за вкусни јадења и најмногу од се за одмор, сила, појачување на имуниот систем и желба цела оваа ситуација побрзо да заврши.

Ова ви го пишувам на 13 март 2020 година … се надевам дека сè ќе се заврши најдобро и побрзо.

Имав купено авионски билет за на први март да си дојдам во Македонија, меѓутоа решив дека не е паметно да доаѓам сега, бидејќи не сакав да го загрозам моето, но и туѓото здравје. Парите за билетот пропаднаа, но тоа е најмалку важно.

Затоа, Македонијо, бидете паметни, совесни, самосвесни, не сте во прашање само вие, туку и вашите најблиски! Слушајте ги советите на надлежните, следете ги сите препораки, бидејќи само така побрзо и побезболно ќе излезете од оваа ситуација која не е шала и ја слушате од некој што веќе еден месец седи дома и поминува низ тоа.

Седете дома и чувајте се! Ќе помине и ова за да си ги видам и гушнам најблиските.

Ви праќам позитивна енергија и љубов.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....