Елин Хедстром е шведска фитнес икона позната по своите неверојатни облини и фантастастично тело, кое го покажува на социјалните мрежи преку слики и видеозаписи.
Покрај тоа што е фитнес модел, Елин е и амбасадорка на спортски бренд.
Преку интензивна работа во теретана, Елин своите сништа успеа да ги претвори во реалност, а денеска таа е инспирација за жените кои сакаат да го направат истото.
Со текот на времето, со напорна работа, Елин сфатила кои вежби најмногу и делуваат на нејзиното тело, а кои не.
Па така, Елин најмногу се концентрира на кревање на големи тегови со мали повторувања, како што се 3 до 6 повторувања по сет.
Бидејќи Елин посветува посебно внимание на својата исхрана, не и е потребно да врши и интензивни кардио тренинзи.
Главната лекција која треба да се научи од Елин Хедстрон е тоа дека ако сакате да станете силни и здрави, потребно е да го прифатите процесот на вежбање, да се храните квалитетно и да имате добар сон.