6.8 C
Скопје
21:48 - 15 март, 2026

Направете свој ароматичен спреј за чистење

Во денешно време, се повеќе луѓе се завртуваат кон природните начини за перење алишта, садови и генерално за одржување на домот…

Луѓето се повеќе се одрекуваат од тешките хемикалии, сфаќајки колку тие лошо влијаат на предметот кој со нив го третираме, на нас самите, но и на природното опкружување.

Ви откриваме како со леснотија да го исчистите својот дом, со помош на овој природен спреј којможете сами да го направите.

Станува збор за едноставна мешавина од свежи билки, цитруси, оцет и вода. Се подготвува многу лесно, а сосема е безопасна за користење, додека ви овозможува својот дом да го одржите чист и ароматизиран.

Потребно ви е:

– Шишенце со пумпица

– Кора од портокал или лимон

– Босилек, жалфија или нане, односно било која ароматична билка

– 4 шолји оцет

Како се подготвува?

Најпрвин во шише ставете ја кората од цитрусот кој сте го одбрале, како и ароматичните билки по ваш избор. Загрејте го оцетот приближно до точка на вриење, а тоа можете да го направите иво микробранова печка. Потоа сипете го оцетот во шишето со кората и билките и оставете го да отстои најмалку 24 часа. Колку подолго го оставите, толку подобро ќе мириса.

Просецедете го оцетот во шишето со прскалка и еко спрејот за чистење на домот е готов.

Слични објави

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо
Се вчитува....