3.8 C
Скопје
02:01 - 21 декември, 2024

Направете продуктивно опкружување во својот дом: Како да работите од дома?

Ако заради пандемијата за првпат работите од дома, сигурно не ви е лесно. Ритамот ви е променет, ве деконцентрираат домашните, сè ви е чудно и ништо не ви го задржува вниманието. Како да го пребродите сето ова, прочитајте во продолжение

Додека на некои работењето од дома им е непознато и им звучи страшно, има многумина кои своите обврски само така ги завршуваат. Сега кога ситуацијата е таква што многу луѓе работат во четири ѕида дома, оние на кои тоа им е рутина, советуваат како да бидете попродуктивни дома.

Ова се најважните совети:

1.Станете порано

Тоа што работите од дома не значи дека треба да спиете подолго и да се будите пет минути пред работа. Запомнете дека вашата нормална утринска навика и патот до работа е пред сè она што ви помага во канцеларија да дојдете разбудени и подготвени за работа. Ако го прескокнете тоа, тешко ќе бидете продуктивни за работа во првите часови од работното време. Би требало и понатаму да се будите барем еден час пред почетокот на работата, да појадувате, да пиете кафе, да вежбате и на направите сè што не правите како кога одите на работа.

2. Замислувајте си како да одите во канцеларија

Откако сте се разбудиле порано за да се подготвите за работа, сте ги направите сите утрински ритуали, облечете се како да ќе одите на работа. Секако, не морате да облечете одело ако инаку морате да носите, но немојте да останете во пижами. Пижамите автоматски се поврзуваат со лежерност, одмор и спиење. Пред сè, затоа што вашата продуктивност ќе се намали, бидејќи ќе бидете безволни за работа, а најверојатно ќе го пуштите телевизорот за да проверите што се случува во вашата омилена серија. Шминкањето, ако немате видеоповици, прескокнете го и оставете ја кожата да се одмори.

3.Направете продуктивно работно опкружување

Наместо да го пуштите телевизорот и да се опуштите на фотелјата со лаптопот, направете пријатно работно опкружување така што ќе тргнете сè што ви пречи. Седете на стол како во канцеларија, бидејќи освен што сè ќе ве боли ако седите навалени осум часа, ќе бидете помалку продуктивни.

4.Направете куќна „канцеларија“

Дури и ако имате мал еднособен стан, идеално би било кога би уредиле едно работно катче, во кое ќе глумите дека сте на работа. Ако секој ден седите на различно место во домот, тешко ќе се фокусирате на работата, додека просторијата во која работите ќе ве поттикне на продуктивност, бидејќи цело време ќе ве потсетува на работа.

5.Правете пауза

Кога работат дома, луѓето често знаат да работат и подолго и повеќе отколку кога се во канцеларија. Тоа може да доведе до „прегорување“, па паузата е подеднакво потребна и дома, како и кога сте во канцеларија.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....