3.8 C
Скопје
20:02 - 20 декември, 2024

Намалете ги килограмите без диета: Внесете протеини пред вежбањето

Научните истражувања открија методи со кои можете да изгубите килограми, без ригорозни диети.

„Доколку во текот на вежбањето не можете да ги зацврстите стомачните мускули, тоа е јасен показател дека се залажувате со трошењето калории при вежбањето“, тврди истражувањето објавено во „Journal of Science and Medicine in Sport“.

За време на процесот се набљудувани 10 женски студенти со просечна телесна тежина кои редовно применуваат физичка активност, но не се професионални спортисти.

Тие вежбале на лента за брзо одење откако претходно земале оброци богати со протеини (45 проценти), со малку протеини (15 проценти) или воопшто не јаделе пред физичката активност.

Девојките кои јаделе храна богата со протеини согорувале повеќе калории во минута, во споредба со оние кои не јаделе пред тренингот или јаделе храна со малку протеини. Во просек, тие согоруваат 185 калории повеќе за 24 часа.

„Организмот користи повеќе калории доколку има дополнителен внес, како после оброкот богат со протеини“, вели во студијата Ешли Бинс.

Под претпоставка дека секогаш внесувате ист број калории на ден, согорувањето дополнителни калории може да придонесе за губење на 7 килограми за една година.

 Како да изгубите 15 килограми за две недели? 

Диета со портокали, јајца и путер:

Иако претходно се сметаше дека е потребно да не внесувате калории пред вежбањето за полесно да ослабнете, сега е познато дека тоа може да придонесе за губење на мускулната маса.

Затоа експертите советуваат да јадете закуска богата со протеини пред вежбањето, така што телото согорува повеќе калории.

Појадок кој содржи 45 проценти протеини:

  • Едно цело јајце и уште две белки од јајца, две парчиња тост со путер и сок од портокал.

Со ваквиот начин на исхрана, подготвени сте за вежбање со ефикасен начин на слабеење.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....