9.8 C
Скопје
08:43 - 19 март, 2026

Намалете го шеќерот без лекови: 4 рецепти од народната медицина

Зголемената количина шеќер во крвта доведува до дијабетес и негови компликации. Покрај тоа, предизвикува нарушувања во работењето на црниот дроб и на урогениталниот систем, предизвикува метаболички нарушувања, кожни болести, развој на катаракта и срцева патологија.
Затоа е многу важно да се препознаат знаците на хипергликемија и навреме да се обратите кај лекар.

Зголемениот шеќер во крвта може да предизвика:

– остро варирање на тежината;

– оштетен вид, појава на мали точки пред очите, оштетување на ноќниот вид;

– вечно ладни раце и нозе;

– лошо заздравување на раните на кожата:

– чешање и оштетување на слузокожата;

– проблем со цревата: чест запек или пролив;

– интензивирано уринирање, особено во текот на ноќта;

– засилена жед, сувост на усните итн.

Народни лекови што можат да го намалат шеќерот во крвта:

Чај од ловоров лист

Ставете 8 ливчиња ловор во 300 мл зовриена вода. Оставете да отстои околу 4 часа. Процедете и земајте по половина чаша 3 пати на ден во текот на 3 дена, а потоа направете пауза од 2 недели.

Напиток со цимет

Еднаш дневно, најдобро наутро, додајте една лажичка цимет во шолја кефир. Промешајте, па испијте го наутро. Оваа мешавина ќе го подобри метаболизмот и ќе го намали шеќерот. Ако не поднесувате млечни производи, циметот додајте го во чајот или во млака вода.
Најдобро е да користите цимет во стапчиња, изрендајте го и ставете го во пијалакот.

Напиток од бел грав

Навечер сипете половина чаша ладна вода, во која ќе додадете три зрна бел грав. Наутро изедете го гравот и испијте ја водата. Еден час потоа ништо не јадете, потоа појадувајте.

Каша од хелда со кефир

Хелдата содржи голема количина на витамините од групата Б, фолна киселина, фосфор, железо и други елементи во трагови што го заситуваат организмот и не влијаат врз зголемувањето на гликозата.
За да направите народен лек од хелда, земете неколку лажици брашно од хелда, прелијте го со кефир и оставете го да отстои преку ноќ. Наутро изедете ја кашата наместо појадок.

Слични објави

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо
Се вчитува....