15:21 - 7 април, 2026

Најдепресивниот ден во годината: Ако денеска не сте расположени, не сте единствените

Третиот понеделник во јануари во светот важи за најдепресивниот ден во годината.

Токму овој ден, познат и како Blue Monday, почнуваат да се чувствуваат последиците од долгата зима, празниците поминаа, сметките се празни, а новата платите уште не е ни на повидок.

Психологот Клиф Арнал од Универзитетот во Кардиф математички пресметал зошто токму овој ден е најдепресивен.
Формулата со која Клиф пресметал дека баш овој ден е најдепресивен во годината како фактори ги има временските услови, долговите на сметките, терминот кога ќе пристигне следната плата, фактот дека никој не ги одржал новогодишните одлуки и ветувања, ниското ниво на мотивација…

Изразот Blue Monday станувал сѐ попопуларен, па во 2014 година многу компании почнаа да го користат за промотивни цели.
Пред две години, Клиф Арнал изјави дека неговите намери никогаш не биле да го направи овој понеделник негативен, туку да ги инспирира луѓето да одат напред и да донесат некои големи животни одлуки.

Арнал пресметал и кога е најсреќниот ден во годината. Според него, во зависност од тековната година, најсреќниот ден се паѓа приближно меѓу 21 и 24 јуни.

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....