2.8 C
Скопје
07:19 - 27 октомври, 2026

Џим Кери сподели „анти-Трамп“ честитка за својот роденден

Instagram

Џим Кери во неделата на својот твитер-профил сподели што си посакува на својот 59-ти роденден. Комичарот овие денови е актуелен на социјалните мрежи со своите политички, „анти-Трамп“ илустрации.

Се чини дека Кери е навистина инспириран, само во јануари тој на својот твитер-профил објави веќе седум илустрации како остра критика упатена кон администрацијата на Трамп и радикалистите кои предизвикаа немири во Вашингтон на почетокот на овој месец.

twitter
Twitter

Овојпат, актерот теши да не ги почести своите обожаватели и следбеници со толкување на политичката состојба во пресрет на заклетвата на Џо Бајден како 46-ти претседател на Америка.

Twitter
Twitter

„Денес сум 59 години млад“, напиша Кери во неделата, заедно со фотографија од Капитол Хил.

„Кога ќе ги дувнам свеќите, ќе си посакам да се стави крај на пандемијата,  да видам што помалку Американци кои си ги продаваат своите души за куп лаги и Републиканската партија и еднаш засекогаш, да ги исчистат своите редови од бели шовинисти!“, напиша Џим Кери на својот твитер-пофил.

Twitter
Twitter

„Ах… и еден од моите подароци да биде маршмалоу „Zing“ играчка“, актерот додаде мала шега, во негов стил.

Twitter
Twitter

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....