20:08 - 5 април, 2026

На козметиката и пешкирите местото не им е во бањата – Не сте свесни што се случува со нив таму!

Влажното и мокро опкружување во бањата е погодно за создавање на мувла и бактерии.

Повеќето луѓе ги чуваат пешкирите, козметиката и бричевите во бањата, а не се ни свесни колку тоа всушност не е паметно решение.

Разликите во температурата и влагата можат да го нарушат нивниот квалитет и да им го скратат рокот на траење. Затоа експертите советуваат одредени производи да не ги држите на полиците во бањата. Префрлете ги на суво и ладно место. Пешкирите најдобро е да се чуваат во шкавче.

Доколку немате доволно простор во гардероберот, гледајте бањата да ви има добра вентилација и константно да е проветрена.

Со оглед на тоа дека козметиката треба да ја чувате на собна температура, бањата никако не е добро место за чување.Четките за шминка значително собираат бактерии и мувла, како и лаковите за нокти и парфемите.

Исто така, во бањата не треба да го чувате ниту накитот бидејќи влагата предизвикува пропаѓање, дури ни бричевите бидејќи и тие се полнат со бактерии а влагата дополнително ги отапува, а може и да ги рѓоса бидејќи во бањата се забрзува и процесот на оксидација

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....