06:05 - 21 декември, 2024

Модната икона Коко Шанел во слободно време била нацистички шпион!

Таа успешно ги криела најмрачните тајни од својот живот.

Прочуената Французинка е едно од најголемите имиња во модата, а Франција и понатака ја слави како една од најкреативните уметници во својата историја. Она кое што во нејзината родна земја предизвикува непријатни чувства, се нејзините активности во Втората светска војна.

Profimedia

Откако нацистичките војници влегле во Париз во 1940 година, Шанел стапила во љубовна врска со баронот Ханс Гинтер фон Динклаге, офицер на германската известувачка служба. Иако се случивала најголемата војна која светот дотогаш ја имал видено и нејзината земја била окупирана, Коко живеела безгрижно, се преселила во парискиот хотел Рич, кој тогаш служел како германски штаб и се движела во највисоките друштвени кругови.

Меѓутоа, со години кружеле приказни дека односите помеѓу славната дизајнерка и нацистите, ги надминале пријателските или љубовните врски и дека таа била дел од тогашниот разузнавачки систем. Прв кој отворено ја нарекол нацистички шпион бил американскиот новинар Хал Вон, кој во 2011 година објавил книга со наслов „Во кревет со непријателот: Тајната војна на Коко Шанел“ и во неа тврдел дека разузнавачката служба на германскиот генералштаб Абвер, ја регрутирал Французинката во 1940 година, која имала 57 години. Наводно, таа станала агент F-7124, под шифрираното име Вестминистер, по нејзиниот некогашен љубовник војводата од Вестминистер. Вон пишувал како таа се надевала дека нејзината работа за нацистите ќе биде наградена со ослободување на еден нејзин роднина од германското заробеништво.

Profimedia

Дизајнерката секогаш негирала дека на некој начин соработувала со окупаторската војска, но во 2014 година, 43 години после нејзината смрт, француските разузнавачки агенции ја тргнале ознаката на тајност од документите кои потврдуваат дека Коко Шанел за време на Втората светска војна имала улога во работата на германските служби. Наводно работела како шпион и била директно вплеткана во планот за преземање контрола врз Мадрид. Во овие записи стои дека легендарнатакреаторка во 1943 година ја посетила шпанската престолнина за да разговара со британскиот амбасадор за евентуално предавање на Германците кога било се јасно дека Сојузниците се блиску до победата, но тоа било само една од низата операции во кои улествувала.

Наводно, Шанел била изразен антисеминист.

„Како жесток антисеминист и многу пред да се обиде да им удоволи на Германците, таа станала богата така што ги снабдувала пребогатите и со нив ја делела аверзијата спрема Евреите, синдикатите, социјализмот, масоните и комунизмот“, истакнува Вон во својата книга.

Во согласност со своите ставови, таа ги бирала и љубовниците, па наводно споменатиот војвода од Вестминистер на своето куче му го дал имете Џу (анг. Евреин), а и нејзиниот партнер во воените денови, Вон Динклаге , бил член на разузнавачката служба. Коко во 1924 година својата компанија ја продала на една еврејска фамилија, која се занимавала со производство и продажба на парфеми, а наводно своите врски со нацистите сакала да ги искористи за да ја врати компанијата во нејзино сопствеништво.

Profimedia

Во септември 1944 година, таа била испрашувана поради нејзините односи со нацистите, но немало докази дека Шанел на било кој начин соработувала со нив, поради што била пуштена на слобода. Судејќи по зборовите на Габријел Палас Лабруни, еден од потомците на нејзиното семејство, славната дизајнерка по враќањето дома рекла дека ја ослободил Винстон Черчил. Поедини извори наведуваат дека тоа би можело да биде вистина и дека британскиот премиер стравувал дека евентуалното сведоштво на Шанел би можело да ги разоткрие пронацистичките активности и ставови во самиот врв на британската политика и дури кралското семејство.

Во последната година од војната, прочуената креаторка се преселила во Швајцарија, каде со Вон Динклаге живеела неколку години. Сепак, кога наполнила 70 години, решила да се врати во светот на модата. Повторно ја покренала својата модна куќа, а францускиот печат бил прилично резервиран спрема неа и нејзината работа, поради врската која Коко ја имала со нацистите. Од друга страна, американската и британската модна јавност ѝ била исклучително наклонета, а нејзината нова колекција била опишана како младешка и иновативна.

Во последните години од нејзиниот живот, Шанел наводно била исклучително осамена и опкружена само со неколку пријатели. Деветиот ден од 1971 година, имала вообичаен работен ден за припрема на пролетниот каталог. После тоа уживала во долго вожња, а потоа се почувствувала лошо и заминала на спиење порано од вообичаеното. Наводно на својата помошничка ѝ рекла: Гледаш, вака се умира, а веќе на 10 јануари била почината.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....