7.8 C
Скопје
21:09 - 1 април, 2026

Кристина Димитријевска, актуелна Мис Балкан: Колку си убав однатре, двојно си поубав однадвор

Колку си убав однатре, двојно си поубав однадвор. Убавината е минлива работа и секој е убав на свој начин, вели актуелната Мис Балкан, манекенката Кристина Димитријевска.

Сепак, успеавме да откриеме некои навики кои Кристина ги практикува за нега на лицето и телото.

– Лицето го негувам со секојдневна хигиена. Утринска и вечерна рутина на чистење. Омилени производи што ги користам се пилинг, тоникот за чистење лице и крем за лице – вели Кристина.

Секојдневно држи фитнес-тренинзи како професионален фитнес-тренер веќе две години. Се шегува дека покрај тренер е и психолог, со оглед на тоа дека клиентите се врзуваат со тренерите.

– Доколку сте дисциплинирани и упорни, се успева во сè. Се одржувам така што се хранам здраво, пијам количински многу вода и сум физички активна, вежбам секојдневно по два часа.
Чувството после тренинг е незаменливо.

Нејзината искрана содржи повеќе протеини, помалку јаглехидрати, зеленчук, вода и суплементи како додаток во исхраната. Позитивната мисла ѝ е главна мотивација.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....