17:37 - 11 април, 2026

Кејт Мидлтон облече патики од 2.000 денари и за само еден час овој модел целосно се распродаде

Кејт Мидлтон е жена која постави стандарди во модата. Иако е членка на кралското семејство и може да носи гардероба каква што ќе посака, војводката често може да се види во модни комбинации кои секој може да си ги дозволи.

На еден спортски настан во Лондон, Кејт се појави во зелена комбинација – џемпер од „Манго“ и панталони од „Зара“.

Profimedia

Целата комбинација ја заокружи со бели патики од марката „Маркс&Спенсер“, кои чинат околу 2.000 денари.

Profimedia

Само неколку часа откако излегоа фотографии на Кејт Мидлтон со овој модел, патиките во Британија беа распродадени во сите големини.

Класичните бели патики со зелени детали направија вистински бум, а продавниците ги обновуваат залихите само затоа што овој модел го носела највлијателната жена во Британија, кога станува збор за модата.

Profimedia

Слични објави

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.
Се вчитува....