Кејт Мидлтон на кралското семејство му се придружи откако се омажи за принцот Вилијам во 2011 година. Седум години подоцна Меган Маркл и принцот Хари го изговорија судбоносното „да“ во замокот Виндзор.
Меѓутоа, на малкумина им е позната приказната за тоа како вереничкиот прстен на Кејт Мидлтон, вреден 300.000 фунти всушност требало да и припадне на Меган Маркл.
Кога Вилијам ја запроси Кејт, го направи тоа со прекрасен син сафир кој некогаш и припаѓаше на принцезата Дијана.
Принцот Чарлс го купи овој прстен за 28.000 фунти кога ја запороси принцезата Дијана во 1981 година, а оттогаш неговата вредност скокна за дури 10 пати.
Откако принцот Вилијам ја запроси, Кејт речиси 10 години никогаш не го симнува овој прстен, а иако неговата приказна се поврзува за војвотката од Кембриџ, вистина е дека тој всушност бил наменет за Меган Маркл.
Имено, во документарецот од 2017 година се наведува дека Вилијам и Хари по смртта на мајка си, го поделиле нејзиниот накит меѓу себе.
Така принцот Вилијам го избрал Картиер часовникот, а принцот Хари токму овој прстен.
Меѓутоа, кога Вилијам сакал да ја запроси Кејт, принцот Хари му го понудил прстенот.
– Зарем не би било прекрасно да ја запросиш со прстенот од мама? Така тој прстен еден ден ќе се наоѓа на тронот на Англија, му кажал тогаш Хари.
Пол Бурел, поранешниот батлер во Кенсингтонската палата вели дека тоа бил најнесебичниот чин кој покажал колку принцот Хари наликува на својата мајка.
Да го задржел, денес овој прстен дефинитивно би го носела Меган Маркл.