3.8 C
Скопје
00:14 - 27 декември, 2024

Како црногорската принцеза станала кралица на Италија: Љубовниот живот на Јелена Савојска

Преку бракот со Кралот Виктор, принцезата Јелена Петровиќ Његош ја зајакнала династијата Савој, ѝ подарила пет деца, а поради добрите дела станала омилена меѓу народот.

„Ве прашувам дали ќе ми ја дадете вашата рака и согласност дека ќе ме земете, а јас Ви ја нудам мојата. Јас сакам, а подоцна ќе ги прашаме моите и вашите родители дали ќе ни дадат дозвола и благослов“, со овие зборови италијанскиот принц Виктор Емануел, кој во 1896 година дошол во Цетиње на гости кај кнезот Никола Петровиќ Његош, ја запросил неговата ќерка Јелена. Така преку краток дијалог е решено она на што речиси две години работеле дипломатиите на Црна Гора и Италија.

Владарките од Цетиње

Од девет ќерки, кнезот Никола Петровиќ Његош во царски и кралски дворови вдомил пет. Принцезата Зорка се омажила за кралот Петар Караѓорѓевиќ, принцезата Милица во 1889 година станала жена на големиот руски кнез Петар Николаевич, а принцезата Стана за рускиот кнез Георгиј Максимилјанович Романов и потоа во 1907 година за кнезот Николај Николаевич. Принцезата Ана била мажена за рускиот кнез Франц Батенберг, а принцезата Елена за италијанскиот монарх.

„Принцот Виктор Емануел и Елена, опишана како висока, складна, со коса потемна од ноќ и очи како ранета срна, станале неразделни. Преубавата принцеза, ќерка на владетел и пастир, покрај тоа што била добра, била великодушна и едноставна, доблести на родена кралица“ – напишал биографот Ренато Барнеско.

Принцезата Јелена Петровиќ Његош е родена во 1873 година како едно од дванаесетте деца на кнезот. Била крстена од страна на рускиот цар Александар Втори Романов.

Пораснала со гувернанта од Швајцарија, во тешки времиња на војни. На десет години била испратена на школување во рускиот град Петроград, на институтот Смољни, кој бил под патронат на царицата. Таму го покажала сликарскиот талент. На Светската изложба на сликарство во Венеција го запознала италијанскиот принц Виктор, со кого се зближила на балот во Русија на 26 мај 1896 г., за крунисувањето на Николај Втори за цар на Русија.

Profimedia

„Тоа го забележал италијанскиот крал Умберто, кој сакал да ја зајакне кралската лоза со „нова крв“, зашто во династијата имало премногу роднински бракови“, вака ја опишува историјата на овој брак хроничарката Босилка Челебиќ-Митровиќ.

Граѓанскиот брак бил склучен во грандиозниот дворец Квиринал, а црквеното венчавање во црквата Санта Марија, во присуство на голем број гости од Европа. Принцезата Јелена ги земала презимето Савојска и католичката вера, цврсто уверена дека на Бога најдобро му се служи преку љубов кон ближниот.

Брачниот пар живеел во кралскиот дворец Квиринал во Рим, познат по бројните паркови и спортски терени. Тоа била вистинска оаза на среќа и радост, принцот и принцезата ги поминувале деновите во љубов, опкружени со нивните деца.

Италијанците чувствувале приврзаност, но и воздржаност кон новиот кралски пар, зашто сите дотогашни кралеви биле дистанцирани од народот.

Кога во 1908 година градот Месина бил погоден од силен земјотрес, кралот и кралицата поминале повеќе од 20 дена во трусното подрачје, ризикувајќи ги своите животи за да му помогнат на населението. Педесет години подоцна на плоштадот Сагола во Месина е подигнат мермерен споменик во нивна чест. Споменикот, на кој е претставена кралицата како држи девојче во прегратките, е сведоштво за разорниот земјотрес и благородната, храбра кралица Јелена Савојска.

Верзијата на гусла за венчавката на Јелена не ги спомнува овие факти, според песната таа е присилно омажена за Виктор од Савој. Според оваа песна, кога црногорскиот кнез ја повикал ќерка си, на денот на нејзината венчавка, таа му рекла дека не е среќна со неговата одлука, но ќе ја почитува неговата желба.

Profimedia

„Знам дека ќе бидам кралица на силната и моќна Италија, но со таа круна, драг татко, твојата ќерка среќна не е. Зашто ја сакам оваа земја, како живот, како вода, а сега морам да ја напуштам засекогаш Црна Гора. Бадијала е златната круна, палатите и дворците, кон Ловќен ме влече срцето, каде се вијат соколите“ – според оваа песна Јелена била вљубена во Милош, војник од гардата на татко ѝ. Тој бил меѓу гардистите кои ја придружувале до Бар, а на разделбата ѝ рекол: „Јелена, да не си му ќерка на мојот господар, со сабја би те одбранил и би те одвел до олтар“.

Заслугите на Јелена Савојска за италијанскиот народ биле толкави, што католичкиот бискуп Ришар од Мопнпеље иницирал да се прогласи за светица.

Кралицата на Италија и кралот Виктор имале пет деца, Јоланда, Мафалду, Умберта, Џовани и Марија Савојска. Во историјата е запишана како последна италијанска кралица. Емигрирала во 1946 година, а една подоцна го изгубила сопругот. Починала во 1952 г. во прогонство во Монпеље.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....