1.8 C
Скопје
21:44 - 18 декември, 2024

Како да одберете совршени праски?

Љубителите на ова сочно сезонско овошје, во овој период од годината можат неограничено да уживаат во вкусот на праската. Сепак, нема поголемо разочарување од тоа, кога вашето омилено овошје кое штотуку сте го купиле е зелено и кисело, наместо сочно и со интензивен вкус и мирис на праска, каков што и сте очекувале

Понудата на овошје и зеленчук на зелените пазари и во маркетите е огромна, па потрошувачите многу често се во недоумица кој производ е вистинскиот за нив.

Сега, кога е сезоната на праските, изборот од ова вкусно и неверојатно здраво овошје е огромен, па љубителите мака мачат околу тоа како да одберат сочен и зрел плод, кој не е безброј пати хемиски третиран.

Само љубителите на праски знаат колку е разочарувачки кога ќе купите од ова овошје и кога ќе го загризете и наместо очекуваната сочност и мекост, ќе наидете на тврда праска и во тој момент сфаќате дека не е ниту сочна ниту вкусна.

Затоа, обидете се да се водите по овие критериуми, секогаш кога ќе се најдете пред тезга полна со ова вкусно овошје.

Боја

Совршено е кога секоја праска има златно-жолта внатрешност и жолто-црвена лушпа. За жал, многу ретко може да се купи вакво совршено парче овошје. Ваквата привилегија ја имаат само оние што во своите дворови одгледуваат садници со праски.

Сепак, не очајувајте. Наместо тоа, пред да го направите изборот околу тоа кои праски сакате да ги купите, земете една праска во раце и убаво разгледајте ја. Доколку кората на праската е зеленкаста, особено во делот каде што до скоро стоела рачката, во тој случај имајте на ум дека оваа праска не е доволно зрела. Доколку не планирате овошките да ги јадете во текот на денот кога ги купувате, во тој случај можеби е и подобро да купите вакви праски. Комплетно зрелите праски имаат краток рок на траење и тие мора да се јадат веднаш.

Доколку праските планирате да ги консумирате веднаш, во тој случај нивната површина треба да биде обвиткана со златно-црвена боја и да биде мека на допир. Доколку плодот што го држите во рака ги има сите овие карактеристики, во тој случај бидете сигурни дека ја имате вистинската храна за вас.

нектарини праски

Мирис

Мирисот на зрелата и сочна праска се чувствува оддалеку. Затоа, плодот што имате намера да го ставите во вашата кошничка и да го купите, најпрвин убаво мириснете го. Доколку плодот е зрел, тој ќе има интензивен мирис. Ако во рака држите недозреана праска, воопшто нема да мириса. Секогаш водете се од тоа дека праска што нема мирис, нема ни вкус.

Мека површина

Кога ќе го земете плодот во рацете, нежно притиснете го. Доколку почувствувате мекост, во тој случај овошјето е зрело и подготвено за јадење. Доколку површината на праската е цврста, станува збор за недозреано овошје. Сепак, имајте на ум дека не е лошо да купите плодови со различно ниво на зрелост, бидејќи сигурно немате намера сите нив да ги изедете во текот на денот.

Како правилно да ги складирате веќе купените праски

Купените праски секогаш чувајте ги на собна температура и никогаш немојте да ги сладирате во фрижидер. Ниската температура, ќе им го „уништи“ вкусот дури за 40 отсто, а вие како љубител на праски тоа во никој случај не го сакате. Исто така, многу важно е праските да се мијат непосредно пред да се јадат. Доколку праските ги миете и ги чувате неколку часови, ќе почнат да се расипуваат многу брзо.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....