05:24 - 3 април, 2026

Како да ја подобрите меморијата?

Колку можеме да учиме, да се прилагодуваме и да го разбираме светот околу себе, зависи пред се од нашиот коефициент на интелегенција.

Колку можеме да учиме, да се прилагодуваме и да го разбираме светот околу себе, зависи пред се од нашиот коефициент на интелегенција. Неговата висина ја одредуваат бројни фактори, но и начинот на исхрана, истакнуваат научниците од американскиот универзитет Тафт. На листата намирници кои посебно допринесуваат за развој на когнитивните способности, се наоѓаат:

Сировите јајца содржат протеини и здрави маснотии клучни за развој на мозочните функции, посебно кај младите. За да останат нутритивните вредности што повеќе зачувани, треба да се варат што пократко време.

Зелениот зеленчук благотворно делува на целиот организам, па така и на мозокот. Богат извор е на витамин Е кој е клучен за здравјето на мозокот, но и го намалува ризикот од Алцхајмерова болест.

Оревите ја засилуваат способноста за паметење бидејќи содржат омега 3 масни киселини и полинезаситени масти, кои организмот не ги создава, па мораат да се внесуваат со храна. Истражувањата покажале дека само 29 грама ореви содржат 2,6 омега 3 масни киселини, додека пак, во една лажичка масло од орев се наоѓаат 1,4 грама полинезаситени масти.

Боровницата содржи широка лепеза на состојки кои се директно поврзани со развојот и растот на мозокот. Поединечни истражувања покажуваат и дека го забавуваат процесот на стареење.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....