04:28 - 6 април, 2026

Јана Стојановска: Улогата на мајка ми е најинтересна улога со која сум се сретнала

Ненад личи на сите. Понекогаш се менува дури и во ист ден. Многу интересно е како генетиката си ја врши работата. Кога се роди личеше на дедо ми Ацо. Потоа почна да личи на мене. Сега мешано, малку на мене, малку на Андрија, ама повеќе на Андрија, ни раскажува глумицата Јана Стојановска.

Пред пет месеци глумицата Јана Стојановска се породи, на свет го донесе синчето Ненад, плод на љубовта со сопругот Андрија. Крстен е по дедо му, македонската легенда Ненад Стојановски.
Убавата и мултиталентирана уметница по породувањето веднаш се вратила во одлична форма.

Како успеа да „симнеш“ 20 килограми кои, велиш, ги имаше во седмиот месец од бременоста?

– Ненад ме поштеди од поголеми деформитети со тоа што реши да излезе порано. Сепак, постојано се мачкав со крема против стрии. Мајка ми, после две бремености, нема ниту една стрија, па од тој аспект генетски сме добри.

Како помина породувањето?

– Се породив со царски рез, кој го изврши одлична докторка во една позната болница во Букурешт. Солзите не беа неприсутни, но физички сум силна и издржлива. Многу брзо се исправив на нозе.

Кој ти помага околу Ненад?

– Во Букурешт сме сами со Андрија, а со оглед на тоа дека тој има по два тренинга дневно, сама поминувам повеќе време со бебето. Инсистирав никој да не доаѓа за помош, зашто сметам дека за бебето е многу важно првите денови да биде со мама и тато. Јас сум од оние кои не сакаат помош, си имам „систем“ и можам сè сама.

Како глумица си одиграла различни улоги, па како ја доживуваш новата улога, на мајка?

– За мене е ова најинтересна улога со која сум се сретнала. Колку што е одговорна, толку и ја полни душата со убавини.

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....