13:54 - 3 април, 2026

Ја потрупале двегодишната ќерка во песок за да имаат секс во море: Девојчето едвај останало живо

Татко и мајка од Аргентина си ја потрупале двегодишната ќерка во песок и ја оставиле 45 минути на сонце на температура од плус 35 степени Целзиусови, за да можат да имаат секс во море.

Полицијата го нашла девојчето, кое било гладно и се здобило со изгореници од сонцето на плажата во Санта Клара дел Марк, која е оддалечена околу 400 километри јужно од Буенос Ајрес.

Таткото и мајката кои имале по 29 години, по овој настан се приведени, откако наводно правеле проблеми при апсењето.

Родителите се соочуваат и со обвинение за поседување на наркотици, откако полицијата кај нив пронашла канабис, екстази и повеќе од 200 таблети од седативот Ривотрил.

Уште еден маж, кој наводно бил со нив на плажа, побегнал пред да дојде полицијата.

Други луѓе кои биле на плажата повикале полиција, откако виделе дека парот има секс во морето.

Според соопштението од полицијата, додека биле во море, родителите ја оставиле двегодишната ќеркичка потрупана во песок, а во тоа време, како што истакнале очевидци, температурата изнесувала околу 35 степени Целзиусови, па многумина изразиле загриженост за здравјето на девојчето.

Таткото на девојчето е од Аргентина, а мајката од Парагвај, додека полицијата не ги објавила нивните имиња.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....