11:19 - 17 ноември, 2026

Дунавка Трифуновска: Клучот е во чаевите и храната

По професија е фармацевт, а во 2015 година, Дунавка Трифуновска ја претставуваше Македонија на Мис интернационал. Благодарение на посетите на азиските земји, имала можност да се запознае со начинот на кој се нагуваат тамошните жени, што за неа е и најприфатливо. Па, затоа вели:

– Лицето го негувам исклучиво со природна козметика и воопшто не се заморувам повеќе со маркетинг кампањи. Во Азија научив определени холистички пристапи на негување со органски производи и есенцијални масла, кои се произведуваат во природни еко-системи. Прифатив дека сонот, хармонијата на емоциите, органската храна како и медот, се мое секојдневие – открива Дунавка.

За формата вели дека ја одржува со добра комбинација на витамински напитоци и чаеви, со пешачење, кое е клуч за убави нозе и вежби, кои ѝ ги препорачале најдобрите професионалци во земјава.

– Клучот е во чаевите и во храната, која е високопротеинска, а нискокалорична.

Слични објави

Дали греењето треба да работи цел ден или да го вклучувате по потреба? Експертите објаснуваат како да заштедите

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....