20:59 - 30 јануари, 2026

Цветовите на јаболкото се симбол на женската убавина, а плодот е симбол на здравјето, љубовта и плодноста: Денеска е светски ден на јаболката:

Денот на јаболкото се слави насекаде низ светот, некаде на 20, некаде на 21 октомври. По тој повод споделуваме некои занимливи факти за јаболката.

Кина е најголемиот производител на јаболка и има 63,63 отсто од светското производство на ова овошје.

Во 2021 година во Европската Унија се произведени околу 4 милиони тони јаболка, што е за 13 отсто повеќе од 2020 година.

Полска е на прво место по извоз на јаболка во ЕУ, а потоа следат Италија и Франција.

Најголемата плантажа на јаболка, Chazy Orchards, првично била засадена во 1920 година и е историски дом на најголемиот овоштарник на сортата Мекинтош во светот.

Најскапи се јаболката Black Diamond кое се продава по цена од 7 до 20 долари и јапонското Sekai Ichi кое се продава за 21 долар.

Најслатко е јаболкото Fuji, кое спаѓа во групата на највкусни заедно со Honeycrisp, Pink Lady, Ambrosia и Cox’s Orange Pippin.

Најкрцкаво е Sweet Tango. Неговите клетки се поголеми и тоа му дава совршен звук кога се јаде. Затоа со своите 79,1 децибели го освои и Гинисовиот светски рекорд за најгласно крцкање.

Во светот постојат 7.500 сорти јаболка.

Јаболкото потекнува од областа помеѓу Каспиското и Црното Море и било омилено овошје на старите Грци и Римјани.

Најтешкото јаболко тежело 3 килограми.

Една јаболкница од семе може да доживее 100 години.

Сортата Lady или Api се смета за најстара.

Јаболката плутаат во вода, бидејќи воздухот сочинува 25 проценти од плодот.

Имаат 5 до 6 семки кои содржат малку цијанид.

Александар Македонски ги донел во Европа од неговото патување во Казахстан каде што нашол џуџести јаболка.

Јаболкницата може да порасне од 1,8 до 5 метри височина.

За создавање на еден плод потребни се 50 листови кои го снабдуваат со храна.

Цветовите на јаболкото се симбол на женската убавина, а плодот е симбол на здравјето, љубовта и плодноста.

На кинескиот јазик зборот пинг значи јаболко, но и мир.

Малусдоместикафобија се нарекува стравот од јаболка.

Слични објави

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо
Се вчитува....