Јавноста отсекогаш многу се интересирала за непримерните ситуации во кралските семејства зашто тоа од нив не се очекува, а сепак, се случува. Иако се мисли дека голите раменици на Меган Маркл се најлошо нешто што можеше да се случи пред две годинава, следуваше напуштањето на кралското семејство и таблоидно развлекување што беше уште поголем скандал за кралското семејство.
Јавноста беше шокирана од веста за норвешката принцеза Марта Луис која тврдеше дека има способност да комуницира со коњи. Нејзе, наводно, коњите ја научиле како да воспостави комуникација дури и со ангелите. Инспирирана од тоа напишала дури две книги. Планира да отвори школа во која луѓето би ги подучувала на овие вештини. Еден пастор затоа ја нарече „гласник од пеколот“.
Пред да се омажи за шведскиот принц Карл Филип, принцезата Софија имала многу возбудлив живот. За тоа сведочат и тетоважите невообичаени за едно кралско семејство, а Софија шокираше и со својата поранешна работа. Таа била топлес модел во машко списание, разменила нежност и со порно ѕвездата Џена Џејмсон во Лас Вегас. После свадбата со принцот стана измазнета принцеза без скандали.
Данскиот принц Хенрик се венчал со Маргарета Втора во 1967 година, кога била прва во редот за круна. После пет години станала кралица, а Хенрик никогаш не го сокривал разочарувањето што целиот живот останал принц. Очекувал сопругата да му даде титула на крал, што и не е вообичаен потез. Бидејќи тоа не го направила, рекол дека не сака да биде погребан покрај неа. Набрзо потоа починал.
Принцот Најеф бин Султан бин Фаваз ал-Шаалан од Саудиска Арабија се посветил на дилерство на дрога, а кога го уапсиле, објаснил дека светот е секако осуден на пропаст, па нему бог му дал дозвола да продава дрога. Завршил универзитет на Мајами, зборува осум јазици и инвестирал цело богатство во нафтена индустрија.