6.8 C
Скопје
04:49 - 31 март, 2026

Бизарен оглас на серијата „Господарот на прстените“ – Бараме многу, многу влакнести актери, но и уште нешто…

Продукциската компанија која стои зад серијата „Господар на прстените“ го објави можеби најчудниот оглас за работа некогаш. Тие се во потрага за многу, многу влакнести луѓе и оние кои имаат „многу карактеристични црти на лицето“, а кои би требало да ги глумат Орките.

Бизарната листа не застанува тука. Оние кои имаат нанапред нагласена вилица, изгореници по лицето, долги слаби екстремитети, изразени јаболчници, лузни по лицето, лузни од акни, клемпави уши, топчест или некој друг вид на интересен нос, мали очи, големи очи, слабо лице или оние на кои им недостасуваат коски.

– Во потрага сме и по оние кои се пониски од еден метар или повисоки од два метри, оние кои имаат карактеристично лице со многу брчки, за андрогени мажи и жени, за влакнести луѓе од сите возрасти и раси.

– Потребни ни се и високи, витки и грациозни играчи, циркуски забавувачи кои знаат да жонглираат и да одат на патерици, широки, опасни бајкери, луѓе кои имаат евроазиско потекло од сите возрасти, како и црвенокоси личности, без оглед на годините, величината и обликот, се наведува во необичниот оглас.

Продукцијата на серијата би требало да почне наредната година, а ќе се емитува на Амазон прајм Видео каналот.

Серијата ќе се снима на Нов Зеланд, а главната улога ја доби Ричард Арамајо, кој исто така игра и во серијата „Игра на тронови“.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....