0.8 C
Скопје
04:27 - 27 декември, 2024

„Бејби бум“ по завршување на пандемијата со коронавирусот?

Иако доста истражувања иницијално сугерираат дека таков резултат би бил логичен, специјалистот за заразни болести и доцент на Отсекот за медицина на Универзитетот „Јејл“, Џејми Мејер, смета дека историјата го покажала сосема спротивното.

Тој вели дека изучувал како слични пандемии влијаеле на стапката на наталитет и резултатите не се ветувачки.

„Епидемиолошките податоци од претходни кризни ситуации предизвикани од пандемии, земјотреси, чуми, ебола и глад, сугерираат дека за време на катастрофални состојби кои резултираат со голем број смртни случаи низ светот по завршување на кризата, наталитетот во следните девет месеци паѓа“, објаснува докторот Мејер и додава:

„Сепак, 10 до 11 месеци по завршувањето на трауматичните случувања, стапката на наталитетот повторно доаѓа во нормала“.

Ваков пад во стапката на наталитет е забележан уште од пандемијата на грипот од 1889 година, а едно научно истражување кое се занимавало со проучување на односот на стапките на морталитет и наталитет за време на криза утврдило дека катастрофите од кој било вид носат до помала стапка на родени деца. Конкретно, разорниот земјотрес во Токио во 1923 година, рушењето на кулите во Њујорк во 2001 година и пандемијата на грипот во 1918 година се заслужни за најголемиот пад на стапката на наталитет во 20 век.

Поновите информации велат дека растот на стапката на наталитет денеска се враќа во нормала меѓу 10 и 11 месеци од катастрофалните појави од што некои психолози вадат заклучок дека на луѓето по правило им се потребни околу десет месеци ментално да пребродат таков настан и да продолжат со животот и репродукцијата.

„Ако размислувате за тоа да забремените за време на пандемија предизвикана од коронавирусот, морате да бидете свесни дека може да ви бидат скратени одредени здравствени услуги поврзани со следење на бременоста“, напоменува доктор Мејер. Иако сè уште нема потврдени случаи на пренесување на вирусот од трудницата на новороденото дете и сегашните истражувања сугерираат дека тоа не се случува, не е исклучено заболувањето од вирусот за време на првото тромесечие да носи одреден ризик на дефекти кај плодот“, пренесува Индекс.хр.

„За овој временски период со исклучителен стрес, можеби е и примамливо да се романтизира приказната за „бејби бум“ за да добиеме малку надеж, но тоа што е моментално најважно е да се чувате себеси и своите блиски“, заклучува Мејер.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....